ПЕТА: Пуштете го октоподот!
Видовитиот октопод Пол од Германскиот град Оберхаузен стана најпопуларното животно на светот за време на светското првенство. Пол до сега точно...
...ги прогнозирал сите натпревари на германската репрезентација, па така сега сите навивачи зборуваат за Пол, а особено се зборува за Паул помеѓу борците за права на животните.
Имено, ПЕТА бара Пол да биде ослободен и да се врати на море.
"Паул е заробен во мал аквариум. Сметаме дека Пол треба да биде пуштен на море", изјавува Тања Брајнинг од организацијата ПЕТА.
"Октоподите спаѓаат во групата на најинтелигентни животни. Тие се осетливи на болка, имаат различни карактери, имаат способност за размислување и памтење", објаснува организацијата за заштита на правата на животните.
Меѓутоа, од Си Лајф Центарот каде што Пол престојуваше, препорачуваат да не се пушта октоподот повторно во море и сметаат дека тоа е многу лоша идеа.
"Животни кои не се родени на море се навикнати да добиваат храна што значи дека немаат искуство за самостојно снаоѓање за храна. Се смета дека е голема веројатноста во тие услови Пол да умре на море ", објаснуваат.
Многу навивачи и кадилници се против пуштањето на Пол на море. Пол успеа да ги предвиди победите на Германија над Австралија, Гана, Англија, поразот од Србија како и големата победа на Германија над Аргентина.
Како што е познато видовитиот Пол се наоѓа во аквариум и пред секој натпревар на Пол му се дава храна од две кутии, секоја кутија ја претставува земјата која игра. Храната која ќе ја избере Пол, е земјата која ќе победи.