Корисни работи кои ќе ви се најдат во опасни животни ситуации
Во животот може да се случат секакви работи и никој од нас не знае во каква ситуација ќе се најде некогаш.
Затоа е важно да знаеме да се снајдеме во потенцијално опасни моменти. Постојат трикови кои се од големо значење во пракса, а за кои не се учи на училиште.
Научете ги овие 8 правила кои можат да ви го спасат животот:
Како да запалите оган од батеријата на мобилниот?
Ако некогаш се изгубите на планина или на некое изолирано и ненаселено место, можете да запалите оган со батеријата од мобилниот. Мобилните телефони обично имаат батерии на база на литиум, па ако ја прободете батеријата со остар предмет, може да се запали оган.
Подгответе си дрва претходно.
Како да избегнете струи во вода додека пливате?
Кога пливате во вода и наидувате на морски струи, веднаш помислувате дека треба да бегате кон брегот. Но, наместо тоа, пливајте дијагонално или паралелно со брегот за да се тргнете од струите.
Како да избегате од крокодил?
Кога крокодилот се движи во права линија, оди многу побрзо од човекот бидејќи има кратки нозе и долго тело. Ако се најдете во ваква ситуација, трчајте по цик-цак патека за да му избегате.
Запамтете го правилото на бројот 3
Просечниот човек може да преживее 3 минути без воздух пред да изгуби свест, 3 дена без вода пред да дехидрира и 3 недели без храна пред да настанат сериозни проблеми за организмот.
Како да залечите рана ако немате фластер?
Ако се пресечете или си направите рана на раката, а немате фластер, ставете супер лепак на местото. Ја дезинфицира раната и го спречува крвавењето. Чудно нели? Сепак, најдобро е да посетите доктор ако имате можност.
Не јадете снег ако сте жедни
Многумина мислат дека ако многу ожеднат, а немаат вода во близина, може да јадат снег. Но, снегот може негативно да влијае на гласните жици и да го олади целото тело, при што телото ќе треба да потроши повеќе енергија за да се затопли.
Почекајте снегот да се растопи, па потоа внесете го во организмот.
Како да изгаснете пожар од тавче за пржење?
Тавчето за пржење може да предизвика пожар за неколку секунди кога маслото е многу загреано. Во таква ситуација, не ставајте вода врз тавчето, туку истурете малку сода бикарбона врз него. Ако пожарот е мал, брзо ќе се изгасне.
Но, ако е поголем, најдобро е да го прекриете тавчето со памучна крпа или неколку памучни маички.
Како да спречите раната да стане подлабока?
Ако во кожата ви влегол остар предмет, не треба веднаш да се обидете да го извадите. Предметот ги блокира крвните садови кои се опфатени со раната и откако ќе го отстраните, раната ќе почне повеќе да крвави.
Најдобро е да не правите ништо додека да дојде брза помош или стручно лице.
М. В. | Црнобело