10 причини зошто треба да спиете голи
Уште откако бевме деца, родителите нѐ учеа да спиеме во пижами и дека не смееме да спиеме голи.
Но сепак, луксузот да спиете во кревет без облека на вас е бесценет! И не само затоа што е така попријатно, туку да спиете голи е дури и корисно.
10 причини за уште вечерва да не ги облекувате пижамите:
1. Ќе имате подобар сон
Во сон, температурата на голата кожа паѓа и ги елиминира можностите за прегревање, па ќе можете да спиете подлабоко без да се будите често во ноќта од топло. Посебно во летните топли денови.
2. Ќе се чувствувате посреќно и слободно
Дури и ако не сте навикнати да легнувате во кревет без облека, не можете да негирате дека тоа создава пријатно чувство – ништо не го попречува движењето во сон и имате целосна слобода.
3. Ја подобрува кожата и косата
Поквалитетниот сон ќе му овозможи на телото активно да произведува хормон за растење на косата. А спиењето голи има корисен ефект врз лојните жлезди, бидејќи кожата не ви е презагреана и дишете слободно.
4. Сексуалниот живот ќе ви стане поубав
Не е изненадување тоа што често, паровите кои спијат голи поспонтано започнуваат да водат љубов, отколку оние кои спијат наоблечени.
5. Го забрзувате слабеењето и растот на мускулите
Хормонот за раст кој е задолжен за врзување на мускулната маса е вклучен и во процесот на слабеење. А, спиењето голи во ладна просторија го стимулира губењето калории.
6. Ќе ви се намали стресот
Оптималната температура за спеиње голи ќе му помогне на телото да го намали нивото на кортизол – стрес хормон.
7. Ќе ви ја подобри врската со партнерот
Контактот (кожа до кожа) кој ќе го остварите со партнерот го зголемува ослободувањето на окситоцин – хормон на љубовта. Ако двајцата спиете голи, ефектот е уште поголем.
8. Ја зголемува позитивната енергија
Ако се чувствувате пријатно додека сте голи, и сонот ќе ви биде попријатен, а тоа ќе се одрази на секојдневниот живот и ќе бидете посамоуверени.
9. Ја подобрува циркулацијата на крвта
Дури и најмеката и најудобната облека за спиење може да ја намали циркулацијата на крв во одредени делови на телото. Тоа може да предизвика проширени вени.
10. Ќе заброавите на несоница
Некои доктори дури им препорачуваат на оние кои патат од несоница, да спијат без облека за да го решат овој проблем.
М. М. | Црнобело