9 работи кои вработените во бутиците за облека ги премолчуваат
Како и во секој бизнис, така и во бутиците за облека, се користат многу трикови со кои ќе нѐ натераат нас потрошувачите да трошиме повеќе.
Тие се користат речиси секаде, а продавачите мудро ги премолчуваат.
Дознајте што е тоа што бутиците го кријат од потрошувачите:
Еден ист број, може да ви биде помал или поголем, во зависност од брендот.
Различни производители на облека имаат различни димензии, па ако во една продавница ви е точен број 38, во друга може едвај да влезете во 40. Некои производители намерно ги прават помалите бројчиња поголеми, за жените купувачи да се среќни што ги собира во мал број и да го купат парчето од кај нив.
Од распродажба заработуваат повторно продавниците, а не купувачите.
Намаление – начин на кој ќе ве натераат да дојдете и да купите нешто. Никој не е отпорен на попусти и ценкање. Но, што се крие зад тоа?
- Понекогаш цените на производите намерно се зголемуват, а потоа се објавуваат попусти за да привлечат купувачи.
- На излогот на продавницата може да пишува „попуст до 70%“, а само едно парче да биде навистина намалено за 70%.
Дизајнерските парчиња не се секогаш поквалитетни
Многу брендови некогаш имаат линија на облека која е направена во соработка со познати дизајнери. Целта е да ги натераат купувачите да платат повеќе за тој луксуз. Но, тоа не секогаш значи дека тие парчиња се поквалитетни од останатите кои ги нуди самиот бутик.
Делот за распродажба речиси секогаш изгледа неуредно
Сте го забележале ли тоа? Во сите останати делови облеката е уредно закачена или здиплена, а во делот на распродажба е хаос. Овој трик го користат продавачите за купувачите да се чувствуваат среќно што нашле парче облека во толкав неред, па дури и по намалена цена и веднаш трчаат да го купат, додека не им го земал некој друг.
Во производството на облека некогаш се користат и опасни хемикалии
Некои штетни материи кои се користат, на пример за да не се оштети бојата на облеката или пак што ја штити од инсекти, може да биде штетна за вашата кожа. Секогаш перете ја новата облека за да се заштитите.