Како да правите професионални фотографии со телефон?

Професионален фотограф не е оној кој слика со скап апарат.

10-soveti-od-fotografi-kako-da-napravite-profesionalni-so-telefon-01.jpg

Доволно е да ја знаете основата и неколку трикови, кои ќе ви помогнат да креирате вистинско ремек-дело од едноставни работи.

Понекогаш ви е потребна само камерата на телефонот, а со овие 10 совети, ќе направите совршени фотки:

Слушалките може да служат како копче за сликање

Што да направите: Поврзете ги слушалките, отворете камера, и стискајте на „+“ за да сликате.

10-soveti-od-fotografi-kako-da-napravite-profesionalni-so-telefon-02_copy.jpg

Селфи без употреба на раце

Што да направите: Земете пластична хартија која не ви е потребна, и свиткајте ја на 3 места, а на еден од свиоците ставете го телефонот. Користете слушалки или тајмер за да сликате од далеку кога сте повеќе луѓе.

10-soveti-od-fotografi-kako-da-napravite-profesionalni-so-telefon-03.jpg

Невообичаена панорама

Што да направите: Селектирајте ја опцијата за „Panorama“ во камерата. Наместете го човекот што ќе го сликате и почнете да го мрдате телефонот во некоја насока. Кога човекот нема да биде веќе во кадар, стопирајте и за тоа време нека се премести во следниот кадар, па продолжете.

10-soveti-od-fotografi-kako-da-napravite-profesionalni-so-telefon-04_copy_copy.jpg

Тркалезен свет

Што да направите: Симнете апликација како RollWorld, Cameringo или некоја друга што ќе најдете, и експериментирајте со опциите за да добиете уникатна и фантастична фотографија.

10-soveti-od-fotografi-kako-da-napravite-profesionalni-so-telefon-05.jpg

Користете рефлексија

Што да направите: Со помош на рефлективен материјал, како овој на фотографијата, кој служи за заштита на автомобилот од сонце, ќе можете да ги осветлите темните делови и целата фотографија да добие нагласена светлина.

10-soveti-od-fotografi-kako-da-napravite-profesionalni-so-telefon-06.jpg

Користете ја HDR опцијата

Што да направите: Отворете камера, овозможете HDR и сликајте. Но внимавајте, овие слики зафаќаат повеќе меморија, па користете ја опцијата само во посебни ситуации.

10-soveti-od-fotografi-kako-da-napravite-profesionalni-so-telefon-11.jpg

Прикачете го телефонот на балон за да сликате од високо

Што да направите: Земете голем балон со хелиум. Добро прицврстете го телефонот и кренете го високо, притоа правејќи фотографии на тајмер. Овој начин може да биде малку ризичен, па затоа бидете внимателни.

10-soveti-od-fotografi-kako-da-napravite-profesionalni-so-telefon-07_copy.jpg

Ефект на поларизација со очила

Што да направите: Направете фотографија низ стаклата од очилата.

10-soveti-od-fotografi-kako-da-napravite-profesionalni-so-telefon-08.jpg

Направете одблесок

Што да направите: Земете хартија во боја и донесете ја до самиот раб на леќата за да направите светлина во боја и да ја нагласите.

10-soveti-od-fotografi-kako-da-napravite-profesionalni-so-telefon-09.jpg

Искористете друга слика

Што да направите: Најдете слика на интернет или направете ја сами, за да се комплетирате целосно во вашиот портрет, со елементи од друга фотографија. Сè зависи од вашата креативност и фантазија. Само импровизирајте!

10-soveti-od-fotografi-kako-da-napravite-profesionalni-so-telefon-10.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да им дадете „втор живот“ на старите перници? Ако имате куче или маче, старите перници може да ги искористите да направите одл...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Како „од око“ да познаете дали намирниците се свежи пред да ги купите или употребите? Дали знаевте дека оризот што го чувате подолго од 1 месец на собна температура м...
Работи кои не треба да ги правите во кревет пред спиење (го нарушуваат сонот) Пиете вода, гледате филм, работите … Кои се грешките што (веројатно) ги правите ...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg