8 докази дека нашето тело е совршена машина

Често сме незадоволни од сопствените тела, но тогаш само забораваме за што сè сме способни.

8-dokazi-deka-nasheto-telo-e-sovrshena-mashina-01.jpg

Неколку прекрасни „дарби“ кои ги има човечкото тело и заради кое е исто како машина, па дури и подобро од неа:

1. Луѓето се најиздржливите тркачи на планетата

Човекот не може да се споредува со гепардот во брзина на трчање, но затоа пак, може најдолго да издржи да трча без прекин, додека не се премори.

Кај луѓето, долгите екстремитети се тие кои ни овозможуваат да издржиме долготраен стрес на мускулите и заради флексибилното торзо да држиме баланс.

Плус, заради тоа што немаме крзно, полесно можеме да се ослободуваме од зголемената температура и да дишеме длабоко.

Човекот може да истрча и до 560 километри без прекин, а доказ за тоа е Дин Карназес кој е уште познат како човекот кој може да трча бесконечно.

8-dokazi-deka-nasheto-telo-e-sovrshena-mashina-1.jpg

Проверете и сами

2. Црниот дроб на човекот може да се регенерира како опашот на гуштерите

Многу човечки органи можат да се регенерираат како кожата и коските, па дури и нервните клетки, но најимпресивна способност има црниот дроб.

Тој може да се регенерира и до 75% од оригиналната големина.

8-dokazi-deka-nasheto-telo-e-sovrshena-mashina-2.jpg

Проверете и сами

3. Човекот има посилен гриз од горилата

Истражување направено од автралијански научници открива дека иако човекот има далеку послаба вилица, има 40 до 50% поефикасен гриз од оној на горилата.

8-dokazi-deka-nasheto-telo-e-sovrshena-mashina-3.jpg

Проверете и сами

4. На суперкомпјутерите им требаат до 40 минути да симулираат 1 секунда мозочна активност

Јапонските научници решиле да го тестираат еден од најмоќните компјутери, суперкомпјутерот „К“ и да пробаат да ја симулираат мозочната активност на човекот. Со 1.4 милиони гигабајти рам, на компјутерот му требале 40 минути за да анализира информации исто како човековиот мозок.

8-dokazi-deka-nasheto-telo-e-sovrshena-mashina-4.jpg

Проверете и сами

5. Човековиот мозок има исто толку нервни клетки колку што има ѕвезди во Млечниот пат

Не е ни чудно што човековиот мозок е едед од најмистериозните органи. Сочинет е од 100 милијарди неврони, исто толку колку што има ѕвезди во нашата галаксија - Млечниот пат.

8-dokazi-deka-nasheto-telo-e-sovrshena-mashina-5.jpg

Проверете и сами

6. Големината на човечката меморија е иста колку на 30.000 iPhone телефони

Научниците откриле дека човечката меморија може да сочува 1 милион гигабајти информации, а тоа е еднакво на 31.250 iPhone телефони со 32 GB меморија.

8-dokazi-deka-nasheto-telo-e-sovrshena-mashina-6.jpg

Проверете и сами

7. Човечките мускули се посилни отколку што мислиме

Не секогаш имаме потреба, но кога човекот е во опасност, заради лачењето на адреналинот и норадреналинот во крвта може да развие на еден начин дури и супермоќи гледано во поглед на силата на мускулите.

8-dokazi-deka-nasheto-telo-e-sovrshena-mashina-7.jpg

Проверете и сами

8. Човекот зрачи светлина

Јапонските научници со ултра сензитивни камери успеале да ја снимат светлината која ја емитира. Таа не може да се види со човечкото око, но може со овие специјални камери. Инаку, најмногу свети околу 4 часот.

8-dokazi-deka-nasheto-telo-e-sovrshena-mashina-8.jpg

Проверете и сами

Би можело да ве интересира:

Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Како изгледаат градинките во Кина: Децата готват на печки на дрва, мешаат малтер Деца од градинка сами мешаат малтер и градат шпорети за готвење. Сами носат дрва...
12 работи што општеството не ги прифаќа, иако се здрави и нормални, низ илустрации Грижата за децата не е само женска работа, па затоа не е срамота и татковците са...
Разбиваме митови: Невестата не треба да носи бисери на свадбата, затоа што ќе ѝ донесат солзи Некои веруваат дека колку бисери има на ѓерданот, толку години ќе поминете несре...
9 работи што треба да ги направите во декември, за следната година да ви биде поуспешна Обидете се да се сетите на секој успех што сте го постигнале во изминатата годин...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg