9 работи кои „за секој случај“ треба да ги имате при рака
Дури и најподготвените од нас не можат да предвидат што следно може да им се случи во животот.
Едноставно не можете да знаете сè однапред.
Затоа, најдобро е да бидете подготвени за секој случај.
Еве што би требало да имате покрај себе:
1. Запечатен медицински пластичен сад
Било што посериозно да се случи, може да ви се најде за собирање и анализа на супстанци, а е мал и не зафаќа многу простор.
2. Светилка
Недостатокот на светлина во итни случаи може да биде сериозен проблем, затоа подобро е секогаш покрај себе да имате мала светилка не поголема од 7 сантиметри.
3. Швајцарски воен нож
Мултифункционална направа која дефинитивно ќе ви се најде за било што.
4. Антибактериски фластер
Може случајно да се повредите, а раната да не треба да ви биде оставена отворена, па антибактерискиот фластер ќе ви се најде.
5. Чкорчиња
Чкорчињата можат да бидат добар извор на топлина и светлина кога немате ништо друго покрај себе.
6. Пари
Што ако некој ви ја украде чантата? Затоа секогаш е добро да имате покрај себе купче пари за секој случај кое ќе го чувате да друго место, не во чантата која ја носите со себе или паричникот.
7. Гумени бонбони
Гумените бонбони нема да ве најадат, но се добар извор на шеќер, ако сте во паника и ви треба нешто да се соочите со неа.
8. Алуминиумска фолија
Може да користи како светлосен сигнал, бидејќи од неа се одбива сончевата светлина, за некој да дојде и да ве спаси.
9. Гумена играчка наместо свирка
Свирчето може многу лесно да го изгубите, затоа, наместо него, добро е покрај себе да имате некоја играчка која свири.
Н. Г. | Црнобело