7-те највалкани места и предмети во секоја кујна
Луѓето сметаат дека кујната е најчистото место во домот, со оглед на тоа што таму подготвуваме јадење и постојано нешто миеме.
Но, не може повеќе да грешат.
На толку храна, трошки и влага, тешко дека работите ќе останат совршено чисти, дури и ако ги чистите редовно.
Кои се највалканите места во секоја кујна? Ќе се изненадите:
1. Кујнскиот мијалник
Според многубројни истражувања е покажано дека на 1 од 14 кујнски мијалници се наоѓаат бактерии како ешерихија коли, листерија, салмонела...
2. Сунѓерчето за садови
Буквално коктел од бактерии во разни облици и големини, заедно со мувла.
3. Држач за ножеви
Бидејќи дупчињата е невозможно да ги исчистите и исушите целосно, сè ви е јасно.
4. Фиоките со овошје и зеленчук во фрижидерот
Барем еднаш месечно, мијте ги со топла вода и детергент за садови.
5. Замрзнувач
Посебно ако редовно имате месо во замрзнувачот, големи се шансите да имате и ешерихија коли.
6. Блендер
Блендираме сè и сешто, но колку и да го плакнете и миете блендерот, на сечилото и околу него секогаш ќе остане нешто.
7. Отворач за конзерви
Неопходно е да го измиете пред и по секое отварање, бидејќи конзервите се прилично нехигиенски чувани.
М. Д. | Црнобело