10 стравови кои морате да ги пребродите еднаш засекогаш, за да уживате во животот

Немојте никогаш да дозволите стравот да ве спречи да бидете најдобрата верзија на себе. Ова неверојатно, диво и прекрасно нешто кое го нарекуваме живот, поминува брзо, како едно кратко возење на ролеркостер. 

10-iracionalni-stravovi-koi-morate-da-gi-prebrodite-ednas-zasekogas-001.jpg

Животот ни дава неочекувани свртувања, паѓања, но и многу моменти кои едноставно ни го одземаат здивот. 

Понекогаш дозволуваме спонтаните моменти да нè однесат на нови прекрасни авантури, притоа останувајќи позитивни и возбудени за тоа што следно ни носи животот, и тоа треба така да остане.

Никогаш не смееме да дозволиме стравот да биде тој, кој ќе нè спречи целосно да уживаме во моментите и авантурите кои ни се пружаат.

Ова се стравовите од кои треба да се ослободите навреме, за да можете комплетно да се препуштите на авантурата наречена живот:

1. Да живеете сами

Нема ништо поубаво од домашно зготвено јадење и трчање во прегратките на семејството кога работите ќе станат тешки, но има и едно прекрасно и моќно чувство на слобода, кога ќе се одлучите да создадете дом самите за себе.

2. Да се преселите во нов град

Прифатете ја оваа промена со отворени раце и истражете ја новата околина со позитивни очекувања. Запознајте го новото место и направете ја оваа дестинација ваш сопствен дом.

3. Да почнете нова врска, откако сте биле повредени

Немојте да се ограничувате самите себеси и да си ја одземете шансата да бидете среќни. Секако дека е лошо чувството кога вашето срце е скршено, меѓутоа никогаш не треба да дозволите тоа да биде причина да не дадете шанса на нова љубов.

4. Да одите сами на настани

Ако вашите пријатели не се слободни или никој не сака да дојде со вас, не значи дека треба да го пропуштите настанот кој долго го очекувате. Излезете од вашата комфор зона и запознајте нови луѓе кои се надвор од вашиот круг на пријатели.

5. Страв од неуспех

Понекогаш животот носи прекрасни и успешни моменти, а понекогаш не. Важно е да научите да се справувате со неуспехот на здрав начин и да научите како да го извлечете најдоброто од него.

6. Да ги разочарате вашите родители

Секој човек прави грешки, тоа е дел од животот. Вашите родители колку и да не го покажуваат тоа, тие секогаш ќе бидат горди и ќе ве сакаат безусловно, но мора да бидат тука за да ви укажат на грешките.

7. Да раскинете со некого

Никогаш не останувајте во врска поради страв да не останете сами. Едноставно не е фер ниту кон вас самите ниту кон другата личност.

8. Дека ќе останете сингл засекогаш и дека никогаш нема да го пронајдете вистинскиот/а

Сите ќе го пронајдат вистинскиот/а, но за најубавите работи во животот вреди да се чека. Можеби е време да го промените мислењето за тоа што значи сродна душа.

9. Дека пропуштате нешто

За жал, не можеме да бидеме на 10 места одеднаш. Научете што навистина е важно за вас и како сакате да го поминувате вашето време. Престанете самите на себе да си правите стрес дека цело време пропуштате нешто важно.

10. Да го напуштите работното место кое не ве прави среќни

Животот е многу краток за да го мразите секое утро кога одите на работа. Дајте си шанса да пробате да успеете во тоа што навистина го сакате, па дури и ако тоа значи да ви се намалат финансиите на одреден период.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg