Брза заработка - краток век
Сонувате за рана пензија? Не се сите кариери дизајнирани за долги стази до 60-тите години... некои луѓе едноставно многу рано се збогатуваат...
...за подоцна да уживаат во заработеното богатство, додека други ја немаат таа среќа.
Ова се неколку професии чија кариера завршува прилично рано:
1. Актерство. Веројатно знаете дека Анџелина Џоли заработува 27 милиони долари, а зад петите и е Анистон со 25 милиони. Овие плати навистина звучат сјајно, но тешко е да се биде вработен во Холивуд. Овде кариерата исчезнува преку ноќ.
Актерките се под поголем стрес од актерите и затоа имаат поголема шанса за рана пензија – големите екрани не сакаат брчки, а филмската индустрија обожава талентирани жени кои не мораат да користат ботокс.
Но, ако имате среќа, постои можност за среќно пензионирање во вашата вила вредна милиони, додека гледате како младите надежи ви ја превземаат работата.
2. Спорт. Ако сте љубител на спортот знаете дека за да се занимавате со ова мора да имате посебен жар и талент.
Спортистите можат да заработуваат милиони за тој талент, но тоа бара голема жртва. А, кога телото веќе не е во полна форма, милионските износи брзо се намалуваат. Затоа голем број спортисти се одлучуваат за рана пензија.
3. Манекенство. Убавината исчезнува побрзо од се останато. За да успеат моделите најчесто ја започнуваат кариерата во тинејџерските години, а најуспешни се веќе до 21 година.
4. Танцување. Да се биде балетан звучи навистина романтично, но професионалното танцување подразбира младост.
Танцувањето често се споменува како најтежок спорт кој бара голема физичка подготвеност, вежбање, патување и посветеност на кариерата.
За да бидете успешни мора да започнете со тренинзи многу ран, а првата професионална аудиција да ја имате веќе на 17 години.
Платата е пониска во споредба со претходните професии, но се престанува со кариерата дури и пред 30 години. Тогаш танчарите обично се упатуваат во тренерските води.