Не заборавајте секој ден да се заблагодарите барем за 3 убави работи

Не постои сомнеж дека длабоко во човековата природа ни е вкоренето да се фокусираме првенствено на негативните работи. Но, дали сте знаеле дека човечкиот мозок ги процесира позитивните и негативните информации во различни хемисфери?

Ne-zaboravajte-sekoj-den-da-se-zablagodarite-barem-za-3-ubavi-raboti-01.jpg

Негативните емоции нé тераат да размислуваме повеќе, а тоа води до еден вид на опсесивно однесување. Ова воедно објаснува зошто критиките и негативниот фидбек имаат подолготрајно влијание врз нас, отколку кога ќе се случи нешто добро.

Лесно е да се биде среќен кога животот е добар. Нашето ментално здравје е ставено на тест кога работите тргнуваат надолу, наопаку.

Но, со текот на годините учите многу работи, а ова е една интересна вежба која е многу ефикасна во борбата против негативното размислување, а се однесува на – благодарноста.

Не заборавајте на добрите работи во животот

Запрашајте се секогаш кога ќе почувствувате дека ви е многу тешко – за што сте благодарни во животот? Поставувајте си го ова прашање секој ден. Дури и да станува збор за нешто ситно или банално, како шолја добро кафе, сепак тоа ви носи насмевка и треба да се цени.

Благодарноста е вежба која треба да ја практикуваме секојдневно.

Благодарноста значи да го рефокусираме вниманието на она што го имаме, наместо кон она што ни недостасува. Кога ќе ги препознаеме сите добри работи во нашиот живот – здравје, семејство, љубов, мир, хармонија, покрив над главата, работа, патувања, дружба со пријателите, итн., тогаш чувствуваме и искажуваме благодарност, а тоа нé прави помирни, поприбрани, поздрави.

Бројни студии ја покажуваат силната поврзаност помеѓу благодарноста и менталното здравје.

Од една страна се намалува анксиозноста и депресијата, а од друга – чувствата на оптимизам, среќа, задоволство, ентузијазам и многу други позитивни емоции се зголемуваат.

Доколку вежбате искажување благодарност првенствено кон себе, вие непрестајно „вртите“ позититен круг во вашиот мозок. Колку повеќе го гледате доброто во вашиот живот, толку повеќе сте посреќни и имате поголеми шанси за успех.

За крај, обидете се да живеете во моментот. Нема многу поента во вртење кон минатото и живеење со носталгија или пак со поглед свртен премногу кон иднината.

Вие сте СЕГА и ТУКА, останете фокусирани на ДЕНЕС и направете место за нови позитивни чувства и мисли и НОВ ЖИВОТ.

И не заборавајте секој ден да се заблагодарите барем за 3 убави работи.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg