Првите очила со „вграден Инстаграм филтер“ го прават светот поколоритен

Сите ние понекоаш чувствуваме дека немаме доволно светли бои во нашите животи.

prvite-ocila-so-vgraden-instagram-fiolter-go-pravat-svetot-pokoloriten-2-1.jpg

Можеби ова се должи на тоа што секогаш фотографиите пред да ги објавиме на социјалните мрежи ги обработуваме користејќи најразлични филтри.

Тоа овозможува небото да добие идеално сина боја, а цвеќињата да заблескаат во позаситени бои.

Сето ова станува реалност користејќи ги новите очила со врградени филтри, благодарение на кои целиот свет ќе заблеска во најживописни бои.

Гледањето на светот преку розови наочари често се користи во апсурдна смисла. Меѓутоа што доколку земете очила преку кои ќе гледате посветли и позаситени бои?

prvite-ocila-so-vgraden-instagram-fiolter-go-pravat-svetot-pokoloriten-2-3.jpg

Ова е овозможено преку британскиот стартап „Tens“. Имено, овие момци произведуваат многу необични очила за сонце со вграден филтер за боја. Нешто слично како Инстаграм, но во реалноста. И без „лајкови“.

На прв поглед овие очила делуваат слично како и сите останати очила. Трендовски дизајн и затемнети стакла.

prvite-ocila-so-vgraden-instagram-fiolter-go-pravat-svetot-pokoloriten-2-2.jpg

Но, при нивна употреба разликата е очигледна. Специјално дизајнираните стакла нудат поинтензивни бои, кои често се менуваат до непрепознатливост.

prvite-ocila-so-vgraden-instagram-fiolter-go-pravat-svetot-pokoloriten-2-4.jpg

Овие очила се откриени од страна на фотографите при една нивна посета  во Шведска.

Импресионирани од локалните бои и убавината тие одлучиле да најдат начин како дури и досадниот градски пејзаж да го направат помалку сив и попривлечен.

Но, дури и  без овие филтри, очилата изгледаат стилски, и со сигурност ги штитат очите од ултравиолетовите зраци.

Цената од 60-80 евра им овозможува да се натпреваруваат со останатите дизајнери и големите брендови.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg