8 научно докажани начини како да почувствувате среќа
Самодовербата, енергијата, депресијата или среќата, според научниците, се само хемиски процеси во нашиот мозок.
Серотонинот е најзаслужен за нив, кој уште се нарекува и хормон на среќа.
Еве како да го зголемите неговото присуство во телото:
1. Не се кријте од дневна светлина
Секој ден шетајте 10-20 минути на сонце.
2. Не се откажувајте комплетно од шеќерот
Шеќерите во медот, шумското овошје и секое друго овошје е добредојден за да се чувствувате позадоволни и посреќни.
3. Земајте дневна доза витамин Б6 и Б12
Нивото на серотонин зависи од овие два витамини. Истражувањата покажуваат дека токму тие имаат моќ да ве извлечат од депресијата. Затоа јадете почесто јајца, компири, портокали, месо, млечни производи и риба.
4. Бидете позитивни и активни
Позитивниот став, сосема логично, води кон зголемување на хормонот на среќа. Според истражувањата, комуницирањето со пријателите, читањето позитивни книги, слушањето на среќна музика може да ве направи вистински посреќни.
5. Не ги заборавајте протеините
Односно, не избегнувајте јаткасти плодови, мисиркино и пилешко месо, моцарела, тофу...
6. Практикувајте масажи
Релаксирачката масажа има моќ да го намали нивото на стрес за цели 31%.
7. Вежбајте
Телото е најсреќно кога е активно. Токму затоа по вежбањето секогаш ќе бидете порасположени.
8. Медитирајте
Медитацијата е одлична вежба за мозокот и духот. Одличен начин да постигнете идеална хармонија на сите хормони во телото, односно и да го покачите нивото на серотонин.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





