Најизолираното место во светот каде ретко кој може да стапне
Вообичаено сите сме убедени дека добро си ја познаваме својата планета Земја и дека не постои место каде, ако сакаме и сме во можност, не можеме да отидеме. Но, тоа не вистина.
Постои едно мало место на оваа планета каде е многу тешко да дојдете.
Станува збор за архипелагот Кергелен - група на острови кои се наоѓаат во јужниот дел на Индискиот Океан и се сметаат за најизолираното место на планетата, бидејќи најблиското копно кое е населено е Мадагаскар и е оддалечено повеќе од 3.000km.
Архипелагот нема аеродром, па тешко е да стигнете до него со летање. Единствениот начин да дојдете до него е со пловење.
Ниту еден од оние научници кои престојуваат таму не живеат постојано таму и најчесто нема повеќе од 100.
Климата е толку сурова што или има преголеми горештини или премногу е студено, а ветерот често знае да достигне брзина од 150 до 200km/h.
Заради силните ветрови има малку животни и нема дрвја.
Н. Г. | Црнобело