9 грешки заради кои не си се допаѓате на фотографиите
Речиси и да не постои човек кој си се допаѓа како изгледа на секоја фотка. Дури и ако ги прашате моделите, и тие имаат лоши фотографии.
Но, нивната тајна е во тоа што користат трикови - под кој агол лицето да им биде свртено кон објективот, на која страна да им биде свртено телото, колку степени да им е крената главата...
Време е да ги поправите 9-те основни грешки при сликањето, за конечно да излегувате одлично на фотките:
1. Не ја навалувајте брадата надолу. Држете го вратот исправено и очите нека ви бидат во права линија со камерата.
2. Не ги прекрстувајте рацете, пуштете ги покрај телото.
3. Внимавајте на држењето на телото. Вовлечете ја половината нанапред и исправете ги рамениците.
4. Сврете се малку на страна. Нозете нека ви бидат фотографирани од страна и грбот нека биде секогаш под прав агол со површината, доколку седите.
5. Позицијата на рацете секогаш нека биде „отворена“. Оставете впечаток на природна личност.
6. Создадете линија и истакнете го струкот. Не го кријте со рацете.
7. Избегнувајте широка облека. Одбирајте парчиња кои ја следат линијата на телото. Или користете пози со кои ќе ја потфатите и стесните облеката.
8. Не ги насочувајте лактите директно кон камерата. Опуштете ги рацете, природно.
9. Симулирајте допири. Не ги лепете рацете за лицето или било кој друг дел од телото.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





