5 фатални грешки кои го уништуваат првиот впечаток кој го оставате

Потребни се само неколку секунди за да добиете или оставите прв впечаток.

5-fatalni-greski-koi-go-unistuvaat-prviot-vpecatok-koj-go-ostavate-01.jpg

За тоа кратко време, може да направи многу позитивни или негативни гестикулации.

Како да ги избегнете негативните?

За почеток, поправете ги овие 5 фатални грешки:

1. Кажувате лаги

Лажењето е лошо во секоја можна ситуација и сите го знаат тоа. За време на интервју за работа, љубовен состанок или едноставно излегување – не го практикувајте. Кога зборувате вистина, позитивната енергија се чувствува веднаш, отворени сте и оставате впечаток на доверлива личност. Затоа запомнете, сè во животот треба да почнува со искреност.

5-fatalni-greski-koi-go-unistuvaat-prviot-vpecatok-koj-go-ostavate-02.jpg

2. Премногу се трудите

Дури и иднината да ви зависи од тој состанок, не претерувајте. Ако сакате да изгледате премногу интелигентно или опуштено, другата страна може да забележи дека интелигенцијата или опуштеноста се постигнува форсирано. Резултатот може да биде најлошиот - пречка да воспоставите природна комуникација.

5-fatalni-greski-koi-go-unistuvaat-prviot-vpecatok-koj-go-ostavate-03.jpg

3. Премногу сте отворени

Ако зборувате премногу за својот живот и споделите детали одеднаш, без да се заинтересирате за туѓиот живот, туѓите интереси и случки, работите може да станат прилично непријатни. Нападното приоѓање никогаш не завршува добро.

5-fatalni-greski-koi-go-unistuvaat-prviot-vpecatok-koj-go-ostavate-04.jpg

4. Се плашите да паузирате

Паузите во разговорите не се само неопходни, туку и сосема нормални. Секако, тишината е чудна, но тоа што не можете да замолчите е уште почудно. Исто како и несоодветните шеги само за да се пополни времето.

5-fatalni-greski-koi-go-unistuvaat-prviot-vpecatok-koj-go-ostavate-05.jpg

5. Многу сте гласни

Секогаш бидете дискретни и суптилни при поставувањето на прашања. Секако,  и тивки. Разговорот треба да се одвива на масата или во просторијата, а не да бидат вклучени уште 100 пара уши.

5-fatalni-greski-koi-go-unistuvaat-prviot-vpecatok-koj-go-ostavate-06.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Како да оставите добар прв впечаток: Што смеете, а што никако не треба да правите? Смејте се, но имајте граници. Хуморот честопати е тајната состојка во „рецептот“...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg