5 знаци дека вашето пријателство ќе трае засекогаш

Најдобрите и најдлабоките пријателства ќе ги преживеат сите потенцијално тешки животни искуства.

5-znaci-deka-vasheto-prijatelstvo-kje-trae-zasekogash-001.jpg

Во продолжение, прочитајте кои се знаците што откриваат дека имате пријателка или пријател за целиот живот:

1. Секогаш сте искрени еден кон друг

Без оглед на се, секогаш ќе го кажете она што го мислите, отворено ќе ги изразите своите чувства и ставови, ќе ги споделите искрените размислувања. Ништо друго не е опција за вас, па така сте изградиле пријателство кое е полно со меѓусебна доверба.  

2. Ги почитувате меѓусебните разлики

Не ги доживувате како нешта кои ве оддалечуваат, туку во нив гледате прилика да научите нешто еден од друг. Од разлики во карактерот до разлики во ставовите – сите ги уважувате.

3. Дури и тишината помеѓу вас е „пријатна“

Понекогаш не ни се разговора со никого, но едноставно сакаме својот пријател или пријателка да ги имаме покрај себе. Не ви е проблем  заедно да седите на кафе и само да уживате во мирот и тишината, додека мислите не ви се прочистат доволно, за да им се вратите на другите разговори. Никогаш не ви е непријатно во таквите мигови, затоа што и се радувате на секоја прилика која може да ја поминете заедно, без оглед на расположението.  

4. Разбирате дека долгата разделеност не значи и крај на пријателството

Животот може да не одведе во различни градови, па дури и на други континенти. Некогаш, пак, секојдневните обврски и работното време се тие кои не одвојуваат од пријателот. Меѓутоа, без разлика на тоа колку време ќе пројде, вам секоја средба ви е иста и се разбирате како да разделеноста никогаш и да не се случила.

5. Не се плашите од несогласувања

Дури ни со најдобрата пријателка или пријател не може секогаш да се сложувате за се, но вие тоа не го доживувате како проблем. Несогласувањата се составен дел од животот, а се случуваат секому. Важно е да не им допуштите да му наштетат на пријателството. Вие имате потполно разбирање еден за друг, па знаете дека тоа не може вам да ви се случи.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg