Само за жени: Шик клуб во кој им е забранет влез на мажите

Интелектуалките и деловните жени добија ново збиралиште на Менхетен, каде може да уживаат во чаша розе вино и разговор со други успешни дами, без присуство на мажите.

samo-za-zheni-shik-klub-vo-koj-im-e-zabranet-vlez-na-mazhite-1.jpg

Ексклузивниот женски клуб „The Wing“ е вистински хит во Њујорк, а листата на чекање за членство веќе е предолга, бидејќи не секој може да добие одобрение за да пристапи во него.

samo-za-zheni-shik-klub-vo-koj-im-e-zabranet-vlez-na-mazhite-3.jpg

Во оваа гламурозна оаза владеат сивата и розовата боја, како и нежно истакнатите ментол и беж нијанси, а жените тука може да работат, да јадат и пијат, или едноставно да се релаксираат со услугите на вештите фризери, шминкери и козметичари.

samo-za-zheni-shik-klub-vo-koj-im-e-zabranet-vlez-na-mazhite-4.jpg

„The Wing“ е изграден на вредностите на женските клубови од почетокот на 20-иот век, а се води од идејата дека жените заслужуваат место на кое ќе можат да ги обединат своите интереси и страсти, а и да се одморат од сè.

samo-za-zheni-shik-klub-vo-koj-im-e-zabranet-vlez-na-mazhite-5.jpg

Во отворениот простор се наоѓаат маси за работа на компјутер, удобни софи, ресторан, бањи со бројни функции, бар и уште многу интересни катчиња. Едно од нив е и библиотеката во која има исклучиво книги од женски автори.

samo-za-zheni-shik-klub-vo-koj-im-e-zabranet-vlez-na-mazhite-2.jpg

„The Wing“ е трон надвор од вашиот дом, порачуваат организаторките на официјалната страница на клубот, чија месечна членарина изнесува 215 долари.

Му треба ли нешто вакво и на Скопје?

samo-za-zheni-shik-klub-vo-koj-im-e-zabranet-vlez-na-mazhite-6.jpg

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg