Фотограф ја слика флуоресцентноста на цвеќињата

Наизглед нема ништо посебно во изборот на предметите што овој фотограф ги избира. Тој всушност собира цвеќиња од неговото соседство во Јужна Калифорнија и ги носи дома каде што ги подготвува за фотосесија. 

fotograf-ja-slika-fluoroscentnosta-na-cvekinjata-1

Откако ќе го прилагоди светлото, тогаш цвеќињата почнуваат да ја покажуваат својата моќ и уникатност и да наликуваат на нешто што доаѓа од друга планета.

За да ја долови флуоресцентноста што ја емитираат цвеќињата, овој фотограф ги става истите под ултра-виолетово светло и на тој начин прави фотографиите да изгледаат речиси магично.

fotograf-ja-slika-fluoroscentnosta-na-cvekinjata-2

Не, овие фотографии не се нацртани и не се направени со посебни ефекти, иако е тешко да се верува во тоа. Тие само покажуваат дека за една фотографија да изгледа толку реално и магично истовремено, најважна е техниката на сликање.

fotograf-ja-slika-fluoroscentnosta-na-cvekinjata-3

Ако сакате самите да направите цвеќиња што светат во темно, само ставете ги свежо искинатите цветови во ваза со вода и пиранин, флуоресцентното соединение што го има во маркерите.

Цвеќињата имаат способност да ја апсорбираат оваа состојка, исто како што ја апсорбираат водата. Одличен начин да направите уникатен букет цвеќиња.

fotograf-ja-slika-fluoroscentnosta-na-cvekinjata-4

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што треба да ги направите пред да заминете на одмор Кренатите ролетни во кујната и тоалетот оставаат впечаток дека сте дома, па пома...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Растење со родители што се мразат и уште 12 тешки животни искуства (може да си поиграат со вашиот ум... Барање работа долго време и премореност од сите тие одбивања. Кое е вашето најте...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg