Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што е важно во животот?

sto-e-vazno-vo-zivotot-povekjeАко сте под стрес, преплавени со работа или учење, веројатно сте преморени и се замарате и нервирате со премногу работи. Иако...

 

...малите работи се оние кои не прават среќни, тие и најмногу ни ја исцрпуваат енергијата, т.е. не ни оставаат простор за она што е навистина важно во животот.

Ова се некои ситници кои можеби ве нервираат во моментов, но за 10 години нема да ви биде воопшто важно како сте ги решиле (а ќе ви го намалат уживањето во моментот).

sto-e-vazno-vo-zivotot

1. E-mail со експлицитна содржина пратен по грешка на директорот на место на другарот.
2. Колку ви била уредна кујната кога сте ги викнале пријателите на кафе.
3. Кретенот кој ви го упропастил денот на работа.
4. Пропуштен автобус или неспособен возач кој излетал пред вас.
5. Автомобилот кој константно ви се расипува.
6. Пропуштени рокови.
7. Ако не сте добиле работа заради подобар кандидат.
8. Доцнење на работа и колеги кои индиректно ви префрлаат за тоа.
9. Сте паднале на испит еднаш, и пак, и пак, и пак...
10. Беспотребни караници со партнерот/ката (тој не се јавил, таа не се јавила, кој и пратил порака, која му е таа и сл.)

На место на овие глупави нервози сконцентрирајте се на:

1. Поставување на целите кои сакате да ги остварите. И краткорочни и долгорочни.
2. Работа и учење во деловите од денот кога сте најпродуктивни.
3. Да му кажете на партнерот колку го сакате и да уживате во секој момент поминат заедно.
4. Да поминувате време со фамилијата.
5. Да станете порано и да уживате во денот.
6. Да јадете многу овошје и зеленчук.
7. Да одвоите време за патувања.
8. Правете убави работи за личностите кои ги сакате.
9. Време за себе, размислување, уживање.
10. Вежбање на телото.

Има уште многу. Слободно додадете.

Би можело да ве интересира:

5 ситуации во кои не треба да ја игнорирате интуицијата Ако нешто ви вели дека сте во опасност, дури и ако сметате дека се наоѓате во бе...
Особини на ментално силните личности, според Сигмунд Фројд Поминал голем дел од животот зборувајќи за лошите навики што ги избегнуваат мент...
Остров со домородно население и уште 5 од последните неистражени места на Земјата Остров на кој живее домородно население кое не сака контакт со надворешниот свет...
12 фотки кои ќе ве збунат на прва, па ќе мора да погледнете двапати „Срцето ќе ми запреше од страв - помислив дека ѝ паднала шепата на мачката, но т...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...
Пеперутка што личи на лист и уште 7 интересни сцени од секојдневието Од домат кој израснал од шахта до мачка која спие во навистина чудна позиција, л...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg