Остров со домородно население и уште 5 од последните неистражени места на Земјата
Остров на кој живее домородно население кое не сака контакт со надворешниот свет, но и долина во Амазонија каде пристапот е забранет, освен за домородците.
Со напредокот на технологијата и средствата за транспорт, веќе реткост е да се најде дел од копното на Земјата што не е истражено.
Но, сепак, има и такви места, кои останале неистражени (и недопрени од човекот), дали поради политички конфликти, сурови временски услови, непристапност или нешто друго.
6 од последните неистражени места во светот:
Долината Јавари, Бразил
Долината Јавари (или Жавари) е најголемата површина во Бразил на која живее домородно население.
Се претпоставува дека овде живеат околу 3.000 луѓе, од кои повеќето немале никаков контакт со надворешниот свет.
Областа е заштитена и на сите, освено луѓето кои живеат таму, пристапот им е забранет.
Покрај тоа што е природно богатство, експертите сметаат дека контактот на домородното население со други луѓе може да биде опасен за нив, бидејќи тие немаат имунитет за многу болести кои ние можеме да им ги пренесеме.
Долината е малку истражена, па не се познати многу детали за домородното население, но се претпоставува дека живеат длабоко, во центарот на територијата.
Сепак, и покрај забраните, делови од областа се користат како рута за шверц на кокаин – долината се наоѓа во близина на границите со Перу и Колумбија.
Пештерата Шондонг во Виетнам
Шондонг е најголемата пештера во светот, а е откриена во 1991 година.
Се наоѓа во близина на границата со Лаос, има длабочина од 150 метри, а долга е околу 9 километри.
Досега истражен е мал дел од пештерата поради непристапноста, но и стравот дека ако се направи достапна за јавноста, туристите можат да ја уништат.
Денес многу мал дел од пештерата може да се посети со туристички водич, но само ако добиете специјална дозвола.
Националниот парк Fiordland во Нов Зеланд
Националниот парк во Нов Зеланд има 560.00 посетители годишно.
Но, и покрај ова, важи за едно од најмалку истражените места во светот, најмногу поради неговата големина.
Исто така, дел од теренот е непристапен, но е и заштитен бидејќи контактот со луѓе може да предизвика штета на екосистемот.
Националниот парк се наоѓа на југозападниот дел од Земјата и важи за еден од најубавите во светот.
Всушност, овде се снимени и дел најубавите сцени во трилогијата Lord of the Rings.