Остров со домородно население и уште 5 од последните неистражени места на Земјата
Поголем дел од Папуа Нова Гвинеја
Папуа Нова Гвинеја важи за една од најмалку истражените земји, и географски, и културолошки.
Но, истовремено, ова е една од најразновидните земји во светот бидејќи има над 850 домородни јазици.
Во земајта живеат 6 милиони луѓе, а само 18% од нив се во урбани средини.
Експертите веруваат дека на територијата на земјата сигурно има ендемски растенија и животни кои досега не ги видел никој.
Северен Сентинелски Остров
Островот е дел од Андаманските Острови сместени меѓу Индија и Мјанмар.
Се претпоставува дека на островот живее домородно население познато како Сентинелци – оттаму и името.
Можеби и сте слушнале за овој народ, особено дека е непријателски настроен кон дојденци однадвор.
Во 2018-та имаше и вест за американски свештеник кој сакал да проповеда на островот, но бил убиен од домородците.
Во 1960-тите и 1970-тите неколку антрополози и филмски екипи наводно го посетиле островот, но денес сепак не занеме практично ништо за него.
Планината Кангкар Пунсум во Бутан
Кангкар Пунсум со своите 7.570 метри се смета за највисоката неосвоена планина во светот.
Се претпоставува дека досега никој се нема искачено до врвот, иако имало неколку неуспешни обиди.
Денес, и да сакате, нема да можете да ја освоите планината бидејќи од 1994 година има забрана за искачување.
Имено, властите во Бутан го забранија искачувањето на сите планини повисоки од 6 километри, од почит за духовните верувања на локалците.
Спирова С. | Црнобело