Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Метода со која ќе научите сè што сакате за само 20 часа

Без оглед на тоа колку многу сакаме да развиеме некоја нова вештина, секогаш ни недостасува време во денот  и месецот за да ја научиме.

metoda-so-koja-ke-naucite-sto-sakate-za-samo-20-casa-001.jpg

Но, од овој момент работите може да се променат со една лесна метода.

Таа ќе ви помогне фразата „немам доволно време“ да ја замените со „почнувам од денес“.

За 20 часа може да научите апсолутно сè.

Како?

Ви требаат само 45 минути дневно, во рок од 1 месец. Но, мора да бидете насочени и ефективни.

Тоа ќе го постигнете во 4 фундаментални чекори:

metoda-so-koja-ke-naucite-sto-sakate-za-samo-20-casa-1.jpg

Анализирајте и откријте што навистина значи да ја научите таа вештина. Од колку подвештини е составена. Еднаш кога ќе ја расклопите, многу полесно ќе идентификувате што е најважно. Потоа, ќе почнете да го учите најважното.

metoda-so-koja-ke-naucite-sto-sakate-za-samo-20-casa-2.jpg

Ова значително ќе ви го олесни процесот. Одберете дали ќе ја учите новата вештина преку книги, магазини, веб страни или видео и аудио материјал.

metoda-so-koja-ke-naucite-sto-sakate-za-samo-20-casa-3.jpg

Ослободете се од она што нема врска со вашата работа и насоченост, односно од телевизијата, социјалните мрежи и мобилниот. Барем 45 минути можете да издржите без нив.

metoda-so-koja-ke-naucite-sto-sakate-za-samo-20-casa-4.jpg

Тоа што нешто знаеме некомплетно нè тера да се чувствуваме бескорисно и глупаво. За да ја надминете оваа пречка и бариера, повторувајте го она што сте го почнале барем 20 часа.

„Најголемата бариера за да научиш нешто не е интелектуална... туку емоционална,“ вели Кауфман, авторот на оваа техника.

„Се плашиме дека нема да успееме, се плашиме да не се посрамотиме. Да се чувствуваш глупав не е забавно.“

За да го надминете тоа ви треба инвестиција од 20 часа, докажано.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg