Кого да избришете од Facebook

kogo-da-izbrisete-od-facebook-povekjeСпоред New Oxford American Dictionary зборот „unfriend“ е прогласен за збор на 2009 година. Ако се уште не сте го препознале неговото значење...

 

...а знаете што се крие зад него, можеби е време и вие да исфрлите некои од така наречените пријатели од Facebook.

Ова се некои сигнали по кои можете да детектирате кој не треба да се најде на вашата листа на пријатели:

kogo-da-izbrisete-od-facebook

1. Уверен/а е дека многу може да научи од своите глупави излегувања и постојано има статуси со кои го докажува тоа: “Вчера бев главен/на у диско!“.

2. Поприлично сте сигурни дека има качено едно 10 килограми за 2 години, а сепак редовно става слики кога бил/а згодна и слаба и очекува коментари од типот WOW!

3. Сте се виделе еднаш во животот –кога сте се запознале, но тој/таа прави like на секоја ваша активност.

4. Секојдневно си отвора колачиња на судбината, си игра фарма, бара подароци за на фарма јавно, си чита пораки од Мадона и ги објавува или бара совети од Dr.House. И секој ден истата шема.

5. Сака цел свет да знае што ручал/а, колку километри истрчал/а, што си купил/а и како се поти во теретана.

6. СЕКОЈ ЗБОР ГО ПИШУВА СО ГОЛЕМИ БУКВИ И НА КРАЈ НА СЕКОЈА РЕЧЕНИЦА ИМА ПО НЕКОЛКУ ИЗВИЧНИЦИ!!!

7. Ве додава како пријател, па ве брише, па пак ве додава, па го брише профилот, па прави нов, па пак ве додава, и така до бескрај...

8. Има 2.000 пријатели. На секој 5 минути ви стигнува нотификација дека станал/а пријател со уште 6 нови од кои пола се од Тунгузија останатите од Мексико.

9. Заљубен/а е во себе и постојано пушта полуголи “сексиљави“ слики, на кои остава коментар: Нели сум јак/а?

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
12 луѓе со уникатни генетски карактеристики - џиновско влакно од трепки, двобојна брада „Мојата ќерка има прамени на косата во две различни бои“ и уште 11 фотографии со...
Предлози за новогодишни подароци од македонски мали бизниси Новогодишните и божиќните празници се секогаш убав момент за подарување. Идеите ...
8 запросувања, Адел прекина концерт за да гледа трка: Интересни факти за ЛОИ во Париз (a немаат врск... Иако на прва ќе си помислите дека Новак Ѓоковиќ, Симон Бајлс (поради бројот...
Како да оставите добар прв впечаток: Што смеете, а што никако не треба да правите? Смејте се, но имајте граници. Хуморот честопати е тајната состојка во „рецептот“...
Во Саудиска Арабија ќе ве уапсат: На кои места во светот не смеете да правите селфи? Сакате да се сликате со разјарените бикови кои трчаат низ улиците на Памплона? М...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg