7 ситуации во кои најдобрата пријателка треба да ви биде поважна од вашето момче

Кога влегуваме во нова љубовна врска, нормално е таа личност да ни стане најважна, но, понекогаш може да се случи ненамерно да ги занемариме нашите пријатели.

7-situacii-vo-koi-najdobrata-prijatelka-treba-da-vi-bide-povazna-od-vaseto-momce-01

Многу од девојките во ваквите ситуации забораваат и на своите најдобри пријателки, што секако, воопшто не е праведно.

Таа со причина е ваша најдобра другарка и постојат ситуации кога таа треба да има приоритет пред вашето момче.

Ова се најважните 7 такви ситуации:

1. Кога ќе раскине со нејзиното момче

Откако ќе раскине со нејзиното момче, сигурно ќе ѝ бидете многу потребни на вашата најдобра пријателка, особено ако момчето било тоа кое сакало да биде раскинат тој однос. Без оглед на тоа дали прекинувањето ја изненадило или пак таа веќе го чувствувала крајот, сигурно ќе ѝ требате за да ја сослушате, но и за да ѝ понудите поддршка и утеха.

2. Кога таа ќе го напушти нејзиното момче

Дури и никогаш да не ви се допаѓало момчето на вашата пријателка, па сметате дека тоа што го напуштила е најдоброто нешто што можела да го направи во животот, не треба да се радувате поради крајот на нивната врска и да ѝ зборувате дека сега ќе биде посреќна, туку во тие моменти треба да ѝ дадете поддршка на начин на којшто тоа навистина ѝ е потребно. Без оглед што таа го иницирала раскинувањето и знае дека така е најдобро, сепак, сфатете дека не ѝ е лесно.

3. Кога поминало подолго време откако последен пат сте се виделе

Никогаш не заборавајте на исполнувањето кое ви го носи женското дружење. Ако последен пат сте излегле со вашата најдобра пријателка пред повеќе од еден месец, тогаш време е тоа да го повторите. Не дозволувајте да помине предолго време без да позборувате со неа.

4. Кога ќе наидете на расправија

Многу е веројатно дека откако ќе се искарате со вашата најдобра пријателка, ќе дотрчате во прегратките на партнерот и ќе барате утеха од него. Нема ништо лошо во тоа тој да ве смирува, но откако ќе ја изладите својата глава, треба да ѝ се јавите и да се обидете да се разберете. Не дозволувајте проблемот да остане нерешен!

5. Кога ѝ треба друштво за да оди на венчавка

Ако вашата пријателка е сингл и е повикана на венчавка, не одбивајте го нејзиниот повик да ѝ бидете придружба. Тоа ќе биде одлична можност за да се забавувате заедно, баш како што сте го правеле тоа кога сте биле млади. Вашето момче таа вечер може да ја искористи за да излезе со пријателите.

6. Кога се прашува дали тој е вистинското момче за неа

Ако вашата пријателка се сомнева во својата љубовна врска и се прашува дали тој е вистинскиот за неа, секогаш треба да бидете тука за да ѝ дадете совет, затоа што можеби некои работи ги согледувате пообјективно од неа.

7. Кога ќе почине некоја нејзина блиска личност

Нема тука што многу да се додаде. Кога ќе почине некоја блиска личност на вашата пријателка, таа секогаш треба да ви биде на прво место.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
10 ситуации кога луѓето се соочиле со безобразни личности (кои немаат грам срам) Ве иритира ли кога ќе позајмите нешто и ќе ви го вратат оштетено? Или кога еден ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg