13 психолошки трикови кои ќе ви се најдат

Секое човечко суштество е посебен универзум. Но, психолозите кои имаат остро око за карактерни детали, почнале да забележуваат некои бихејвиористички модели за кои се верува дека датираат од нашето детство и може да се применат кај секого.

13-psiholoshki-trikovi-koi-treba-da-gi-znaete_copy.jpg

Еве 13 трикови кои треба да ви помогнат во комуникацијата:

1. Ако се сомневате дека на некого му се допаѓате, одберете збор на кој ќе кимнувате и ќе се насмевнете кога тој/таа ќе го изговори. Ако им се допаѓате, следете ги и забележете како секогаш кога разговарате ќе го употребуваат тој збор.

2. Сакате луѓето да ве сфатат сериозно? Секогаш кога сакате да постигнете поента, кажете дека вашиот татко ве научил на тоа. Луѓето никогаш не ги игнорираат советите од родителите, ниту ги деградираат. Плус, поверојатно е дека ќе ви го прифатат советот.

3. Ако играте „лист, камен, ножици“ и сакате да сте шампион, секогаш кога ќе треба да го направите тоа со некој, прашајте го противникот во истиот момент некое рандом прашање, кое би го збунило. Најчесто кога се во збунета позиција, луѓето прават ножички. Тогаш знаете што да направите.

13-psiholoshki-trikovi-koi-treba-da-gi-znaete-02

4. Ако сакате луѓето да се согласат со вас, кимнете со главата тогаш кога сакате да ја постигнете поентата кога зборувате. Кимнувањето значи дека „тоа што го зборуваме е вистина“. И следејќи го овој случај, откриено е дека и тие ќе кимнат, што значи дека се солгасуваат.

5. Преку глава ви е да се буткате во гужви на автобуска или било кое разминување ви е проблематично? Во ваков случај гледајте само право во правецот кон кој одите. И гледајте ги луѓето како буквално ви се тргаат од патот. Кога одат во гужва, луѓето имаат тенденција да гледаат во очите на другите за да избегнат удирање еден во друг. Вака точно ќе знаат каде одите.

6. Ако ви се „врти“ некоја песна во глава, пробајте да дојдете до крајот на песната или преслушајте ја цела. Мозокот се оптеретува со работи кои не ни се завршени, па така, песната која ви се сврте во глава, ќе ви излезе лесно.

7. Ако сте родител и сакате децата да јадат нешто, на пример брокули, прашајте ги дали сакаат две или пет брокули. Така ќе мислат дека изборот е нивен. Ако случајно се побунат, што не е многу веројатно, тогаш одговорете дека тоа не е во опциите. Користете го истиот трик за различни ситуации.

13-psiholoshki-trikovi-koi-treba-da-gi-znaete-03

8. Ако мислите дека некој ве следи или ве гледа, почнете да зевате или преправајте се дека го правите тоа, па свртете се наоколу. Ако некој навистина го прави тоа и тој ќе почне да зева, бидејќи е заразно.

9. Ако сакате пријател да ви помогне со нешто (пример: носење на кутија), без да се побуни, зазборувајте го и спонтано подајте му ја кутијата. Ако е занесен во разговорот, нема ни да забележи дека носи нешто, бидејќи ќе биде сконцентиран на разговорот. Но, има и такви кои можат да мислат на повеќе од две работи во исто време, па можеби сепак ќе мора да ги замолите да ви помогнат. 

10. Ако сакате да ви помогнат пријателите, започнете едноставно со „ми треба твојата помош“. Луѓето чувствуваат вина ако „скршат“ човек кој ги замолил за помош.

11. Кога разговарате со пријател, парафразирајте ја последната реченица која ја кажал и така започнете го вашето излагање. Така, соговорникот ќе добие потсвесна слика дека навистина сте го слушале, што е добра репутација. Само внимавајте да не претерате.

12. Кога се ракувате со некого, најдобро е дланките да ви се топли. Топли дланки укажуваат на пријателска атмосфера. Ладните раце укажуваат токму на спротивното. 

13-psiholoshki-trikovi-koi-treba-da-gi-znaete-05

13. Ако мислите дека на некого не му се допаѓате, прашајте го да ви позајми мала работа, како пенкало. Луѓето имаат тенденција да не помагаат на луѓе што не им се допаѓаат, но за мала работа нема да ве одбијат. Тоа е прв чекор кон сфаќањето дека можеби и не сте толку лоши.

Л. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg