Мажите одговараат: Ситници со кои девојките ни ја рушат самодовербата за секунда

Мажите сакаат да бидат алфа и мачо мажи, но девојките честопати знаат со еден потег да им ја срушат самодовербата и машкоста.

mazite-odgovaraat-sitnici-so-koi-devojkite-ni-ja-rusat-samodoverbata-za-sekunda-001.jpg

Неколку мажи искрено откриваат кои се ситниците кои им ја „газат“ машкоста:

„Кога ќе ми земе нешто од рацете, не е важно што, прибор за јадење, алат, пенкало, било што. Тоа ми покажува дека она што го правам е неважно и неисправно, односно моите напори немаат никаква цел.“


„Седум години сме во брак и до ден денес се прашувам дали некогаш ќе сфати дека не можам да ѝ ги читам мислите. Ме уништува кога мисли дека треба да претпоставам за што е лута.“


„Кога ме поправа за ситници. Кога раскажувам нешто и ќе кажам збор кој реално не ја менува приказната или не го менува контекстот на реченицата, но таа ќе ме поправи како што смета дека е правилно. Можеби и јас самиот некогаш ќе се поправам, ако секојпат не ме претркува.“


„Кога ги игнорира моите сексуални потреби. Имавме период кога мојата потреба за секс ја доживуваше како непристојност која мора да ја толерира, а не како активност во која двајцата уживаме.“


„Кога ми попува од совозачко седиште. Постојано кога возам ги понижува моите потези. А, притоа таа вози далеку понебезбедно од мене.“


„Ако сум ги измил садовите, зошто не сум ја наполнил машината? Ако сум ставил облека за перење, зошто не сум го ставил другиот омекнувач? Ако сум ја косел тревата, зошто сум направил лом по тротоарот? Ме нервира кога ништо не правам како што треба.“


„Кога ме исмејува пред пријателите. Еднаш бевме излезени и почна страсно да ме бакнува на маса, а јас не се побунив, туку се здружив со нејзиниот ентузијазам. Мислев дека ќе имам среќа таа вечер. Но, штом го помислив тоа, почна да ме исмејува како сум лесен за прелажување.“


„Ме нервира кога ми го исмева хобито или работата.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Прашувам за пријател: Само што се вратив од болница, а сопругот очекува да му готвам и да го служам ... „Првото утро кога се вратив дома, чекаше јас да станам да сварам кафе и да ги на...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg