Докажано: Мрачниот хумор е одлика на интелигентните луѓе

Податоците од последното истражување спроведено од страна на списанието „Cognitive Processing“ укажуваат дека има силна поврзаност помеѓу интелигенцијата и црниот хумор.

Mracniot-humor-e-odlika-na-inteligentnite-lugje-01.jpg

Предводено од Медицинскиот универзитет во Виена, во истражувањето учествувале 156 испитаници (мажи и жени), со просечна возраст од 33 години и со различен степен на образование.

На испитуваните прво им било дадено да решаваат општ тест за интелигенција кој вклучувал вербални и невербални прашања, а подоцна ги натерале да погледнат 12 илустрации на германскиот уметник Ули Штајн, сите со мала доза на црн хумор во себе.

Несомнено, секој од испитаниците реагирал различно од другиот. Но, оние кои нескриено се насмеале и воедно истакнале дека понекогаш им е срам поради таквото однесување и ги доведуваат своите морални вредности под знак прашалник, сепак немаат потреба од паника.

Долг временски период црниот хумор како карактеристика се поврзувал со меланхолично расположение, а ретко со луѓе кои покажуваат повисоки когнитивни способности.

Спроведената студија ги покажала следните резултати:

Оние кои ги сфатиле и се изнасмеале на мрачните комични цртежи не само што имале највисок резултат на општиот тест за интелигенција, туку покажале и најниски резултати во тестовите кои мереле агресија, негативно расположение и воедно се истакнувале со повисоко образование од другите.

Оние на кои не им се допаднале шегите покажале просечни резултати на тестот за интелигенција и покажале највисоко ниво на агресија и негативно расположение.

Испитаниците пак кои не ги сфатиле најдобро шегите од цртежите исто така имале просечен резултат на тестот за интелигенција, но и нивото на агресија им било проценето како просечно, а демонстрирале генерално позитивен став кон животот.

Па, сите вие кои имате блиски другарчиња со морбидна смисла за хумор или и самите уживате во црн хумор, немате потреба за грижа и паника.

Не сте злобни, туку доволно интелигентни и паметни.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 знаци дека сте личност со висока емоционална интелигенција Лесно работите во тим и генерално сте мотивирана личност – Помалку очигледни зна...
Како учтиво да ја вратите нарачката во ресторан (и кога не е во ред да барате нов оброк)? Доколку ви ја згрешат нарачката или ви стават состојка која сте нагласиле дека н...
12 работи што општеството не ги прифаќа, иако се здрави и нормални, низ илустрации Грижата за децата не е само женска работа, па затоа не е срамота и татковците са...
Позитива на денот: Празнични фотки што ќе ви го подобрат расположението Маж кој им ги платил сметките за струја на 36 семејства, брачен пар кој секоја г...
6 неочекувани навики поради кои никогаш не сте доволно наспани Вежбате навечер и носите несоодветни пижами – кои навики можат да имаат негативн...
6 уникатни стандарди за убавина во различни земји, кои го прават светот поживописен Тетоважа на брадата кај жените, плочки во устата на мажите... некои стандарди за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg