Од каде потекнуваат симболите кои често ги користиме?
Секојдневно забележуваме илјадници знаци и симболи, а многу од нив дури и ги користиме како начин за да го изразиме она што не можеме да го искажеме со зборови.
Но, сте се запрашале ли некогаш од каде потекнуваат тие и дали правилно ги користиме?
Следните 7 знаци веројатно многумина од нас ги знаат и користат, но ретко кој го знае нивното вистинско потекло и значење.
1. Амперсанд
Знакот амперсанд (&) го означува Латинскиот сојуз и бил измислен во Рим, од страна на Тирон, личниот секретар на Цицерон. Тој создал систем од кратенки за да го забрза пишувањето.
2. Срце
Иако срцето главно се поврзува со љубовта, постојат неколку теории за неговото потекло:
- кога лебедите пливаат еден кон друг, во моментот на контакт формираат срце. Во многу култури тие се симбол на љубов, лојалност и посветеност, бидејќи паровите остануваат заедно засекогаш.
- другa хипотеза вели дека првично срцето било знак за женственост, претставувајќи ја женската карлица.
- според друга верзија пак, знакот има форма на лист од бршлен, кој често можел да се најде на вазните кај старите Грци на кои бил претставен Дионис, богот на виното.
3. Блутут
Во Х век, данскиот крал Харалд Блатанд ги обединил данските племиња во едно кралство. Харолд низ неговото кралство бил познат и како Синозабец, бидејќи многу сакал капини и постојано еден од неговите заби бил целосно посинет од нив.
Знакот за блутут (што во буквален превод би значело син заб) е комбинација од две букви, „H“ и „В“ односно иницијалите на Харалд Блатанд (Harald Blatand).
4. Симболот на медицината
Малкумина знаат дека симболот на медицината, кој покажува жезол околу кој се обвиткани две змии и крилја на врвот, е всушност грешка.
Според легендата, Хермес имал магично стапче кое изгледало токму така. Тоа стапче имало моќ да запре каква било кавга и да ги помири непријателите.
Сепак тоа немало никаква врска со медицината сè до пред 100 години, кога американски воени доктори го помешале со жезолот на Асклепиј, грчки бог на лекувањето, кој имал само една змија и немал крилја.
5. Знакот за вклучено/исклучено
Ова е знак кој го има на речиси секој електричен апарат, а неговото потекло датира од '40-тите години кога инженерите користеле бинарен систем за да ги означат индивидуалните прекинувачи, користејќи 1 за вклучено и 0 за исклучено. Подоцна бил создаден знакот во форма на круг кој е прекинат со бројот 1.
6. Симболот на мирот
Овој знак бил создаден во 1958-ма година како заштитен знак на протестите против употребата на нуклеарно оружје. Тој е комбинација од сигналите N и D (Nuclear Disarmamen – нуклеарно разоружување).
7. Знакот „ОК“
Иако во многу делови на светот тој означува „добро“ или „во ред“, постојат земји, како на пример Франција, каде кога некому го покажувате овој знак, всушност му велите дека е „нула“.
Според друга претпоставка, американскиот претседател Џексон го користел овој израз при донесувањето одлуки. Тој го пишувал „all correct“ со германски стил „oll korrekt“ па се добило ОК.
Во хиндуизмот пак, овој знак е знак за мудрост и учење, а на многу будистички експонати може да се види Буда со рацете поставени токму на ваков начин.
М. С. | Црнобело