6 навики во исхраната благодарение на кои јапонските жени се секогаш витки
Јапонките се сметаат за едни од најубавите и најграциозните жени на светот.
На 30 години изгледаат како штотуку да наполниле 18, а на 45 како да имаат 25. Покрај тоа, статистиките покажуваат дека тие имаат и најдолг животен век.
Тајните на нивната убавина и долговечност се кријат во нивниот начин на живеење, но и исхрана.
Ова се правилата кои тие секогаш ги почитуваат кога е во прашање храната:
1. Разновидна и балансирана исхрана
Иако често мислиме дека Јапонците јадат само суши, вистината е дека нивната исхрана е многу разновидна. Најчесто сакаат да јадат риба, морска тревa, зеленчук, соја, ориз, овошје и уживаат во пиењето зелен чај.
Во нивната храна ретко можете да сретнете калорични оброци или брза храна. Најчесто се хранат со свежи сезонски производи, па така во зима најмногу јадат месо, риба, топли супи и чаеви, додека во лето претпочитаат ладни супи, морска храна и салати.
2. Начин на готвење
Јапонците традиционално ја готват нивната храна на пареа, со печење или пржење во посебен сад со минимална количина масло. Зеленчукот се сече како би изгледал поубаво и побрзо би се зготвил. Предноста на овие методи е што храната задржува голем дел од хранливи својства.
Супата од зеленчук е популарна основа за многу јадења. Јапонските жени внимаваат многу на користењето зачини и се обидуваат да го задржат оригиналниот вкус на храната без премногу да ја зачинуваат и на тој начин да го отежнат работењето на дигестивниот систем.
3. Култура на јадење
Јадењето е исто така, посебен ритуал во јапонската култура. Тие секогаш јадат бавно, во мали парчиња, а оброците секогаш се состојат од мала количина храна. Зачувувањето на природниот вкус и изглед на храната е главната цел при нејзината подготовка, па затоа ретко и ја декорираат истата. Секое јадење се става во посебна чинија, која никогаш не е полна до врвот.
4. Ориз наместо леб
Оризот е една од основните состојки на секој оброк, и истиот се подготвува без сол и путер.
5. Појадокот е главниот оброк во денот
За Јапонците појадокот е најважниот оброк во еден ден, па токму затоа тој вклучува неколку јадења – риба, ориз, омлет, супа, соја со зеленчук, морска трева и чај.
6. Десертот не се состои од големи количини шеќери
Десертот е нешто кое се послужува многу ретко и тоа во мали количини. Во нивната култура десертот не подразбира колачи или торти. Дури и храната која ја сметаат за десерт е со ниско ниво на масти и шеќери, а совршен пример за тоа е десертот од ориз познат како мочи.
М. С. | Црнобело