Како изгледа тренингот за стјуардеси во Кина?
Ако некогаш патувате со некоја кинеска авиокомпанија, внимателно анализирајте ги стјуардесите кои со насмевка ви точат кафе и ви носат грицки.
Зад нежните и негувани лица, се крие долготрајна и макотрпна работа и тренинзи за издржливост и држење.
Низ што сè поминуваат оние кои сакаат да работат како стјуардеси во Кина?
Држат стапчиња со устата за да тренираат замрзната насмевка. Носат книги и шишиња на главата за да го извежбаат правилното држење на телото.
Помеѓу колениците треба да држат тенок лист хартија за да научат да стојат соодветно.
Исто така има и часови каде учат основни вештини за преживување и борење.
Покрај тоа, тука се тренира и соодветно користење на силата.
М. Д. | Црнобело