Сакајќи да личи на Ким, жена платила 10.000 долари за да ѝ вбризгаат масти во задникот
Марлен Чинеа е 36-годишната жена која потрошила повеќе од 10.000 долари за „бразилски задник“, односно за задник кој повеќе ќе личи како познатиот на Ким Кардашијан.
„Ким е едноставно прекрасна, па затоа ја користев како пример. Сè што ќе облече ѝ стои прекрасно.“
Чинеа процесот го почнала преку вежби, но сфатила дека никогаш нема да го постигне посакуваниот резултат.
Тогаш се решила за исхрана со која ќе накачи неколку килограми, па речиси 2 килограми од мастите во телото и биле вбризгани во задникот.
Операцијата била изведена од познат пластичен хирург, кој тврди дека сè повеќе луѓе се решаваат на вакви чекори со цел да имаат подигнат и голем задник.
„Бразилското подигање на задникот е многу честа процедура во последниве години во САД. Сите ѕвезди имаат облини и не постои вежба која ќе ви го овозможи тоа, затоа, или си надарен со облини или ги добиваш преку зафати и операции.“
Задникот од 10.000 долари изгледа вака:
М. Д. | Црнобело