Најстариот човек во светот го прослави 146-от роденден - Тајната на долговечноста е трпеливоста
Мбах Гото од Индонезија го прослави својот 146-ти роденден што го прави најстариот човек кој воопшто живеел на планетата Земја.
Во документите кои ги поседува стои дека е роден на 31-ви декември 1870-та година, а индонезиските власти ја потврдуваат точноста на истите.
Тој вели дека уште од 1992-ра година се подготвува за смртта, момент кој сè уште не пристигнал, иако тој е подготвен и за тоа.
Тој веќе го нарачал и добил неговиот надгробен споменик, но смртта едноставно го заобиколува.
Според изјавите на неговите внуци, тој го поминува речиси целиот ден слушајќи радио, бидејќи видот му е слаб за да може да гледа телевизија.
Според него тајната на неговата долговечност се крие во трпеливоста.
М. С. | Црнобело