5 утрински навики „за да ви тргне денот“

Утрата за најголемиот дел од луѓето се најтешкиот дел од денот. Алармот ѕвони, а вие никако не можете да се одвоите од топлиот кревет и перницата за да почнете со дневните обврски.

5-utrinski-naviki-koi-kje-napravat-da-se-cuvstvuvate-podobro-00

Алармот ѕвони, а вие никако не можете да се одвоите од топлиот кревет и перницата за да почнете со дневните обврски.

Сепак факт е дека постојат неколку навики и методи кои ќе ви го олеснат овој процес и ќе ве натераат да ги засакате утрата.

1. Масажа на ушите

Масажата на ушите му помага на телото да се разбуди. Можете да ја практикувате рано наутро додека уште сте во кревет. Притисокот врз сензитивните делови на увото влијае врз добросотојбата и ви дава живост.

5-utrinski-naviki-koi-kje-napravat-da-se-cuvstvuvate-podobro-01

2. Чаша топла вода со лимон

Овој напиток ја подобрува работата на дигестивниот систем, желудникот и цревата, а истовремено ги отстранува токсините од вашето тело и го зајакнува имунолошкиот систем. Испијте го на празен стомак, 20-30 минути пред да појадувате и веднаш ќе се почувствувате подобро.

5-utrinski-naviki-koi-kje-napravat-da-se-cuvstvuvate-podobro-02

3. Чистење на јазикот

Четкањето на забите двапати на ден е нешто што го знаеме уште од деца. Но, тука е и чистењето на јазикот. Тој е местото каде се собираат многу бактерии па како резултат на тоа се појавува лош здив, наслаги, и разни болести на усната празнина. Повеќето четки од задната страна имаат посебен дел за чистење на јазикот, но сепак бидете нежни и внимателни за да не предизвикате повреди.

5-utrinski-naviki-koi-kje-napravat-da-se-cuvstvuvate-podobro-03

4. Јадење мед

Јадењето по една лажица мед наутро го стимулира памтењето, а е корисен и при настинките и олеснувањето на алергиските симптоми. Изедете го медот 10-15 минути пред појадокот, а ако ви е премногу тежок слободно растворете го во чаша млака вода – ефектот е ист.

5-utrinski-naviki-koi-kje-napravat-da-se-cuvstvuvate-podobro-04

5. Исплакнете ја устата со раствор од хидроген пероксид

Завршете ги утринските навики со плакнење на усната празнина со раствор од хидроген пероксид. Соодносот на растворот е 5-7 капки 3% раствор и 50 ml вода. Важно е пероксидот да го додадете во водата, а не обратно. Ова ќе ви помогне за избелување на забите, елиминирање на лошиот здив и третирање и превенција на заболувањата на непцата.

5-utrinski-naviki-koi-kje-napravat-da-se-cuvstvuvate-podobro-05

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
8 мали навики со кои ќе се одржувате млади независно од годините Негувајте ја љубопитноста – учете нов јазик, нови вештини, не се препуштајте на ...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg