Мали начини со кои на некого ќе му станете светло во темнината
Во денешниот модерен свет, како да исчезна љубезноста. Сè помалку и помалку има сочувство меѓу луѓето. А, толку малку треба за да разубавите нечиј живот...
Само кога малку би се потруделе, кога би се отвореле кон другите, светот би бил поубав.
30 мали работи кои можете да ги направите и да разубавите нечиј ден:
1. Насмејте се на сосема непозната личност.
2. Слушајте.
3. Понудете ја вашата помош на некој кој излегува со раце полни кеси до својот автомобил.
4. Мавнете со рака на некој случен минувач додека сте во автомобил.
5. Пуштете некој кој се брза кога чекате на семафор.
6. Придржете ја вратата на оној кој доаѓа после тебе.
7. Испратете му на некого честитка за роденден.
8. Згответе оброк.
9. Напишете на некого охрабрувачка порака.
10. Платете го оброкот на оној кој стои зад вас.
11. Напишете на некого убав стих.
12. Потсетете ги вашите најмили колку ги сакате.
13. Испратете на некого сосема неочекуван подарок.
14. Разговарајте со некој кој штотуку сте го запознале.
15. Кажете на некоја непозната личност дека ѝ посакувате добар ден.
16. Без причина понудете ја на некого вашата помош.
17. Подарете на непозната личност цвеќе.
18. Пуштете некој да оди пред ред.
19. Купете на бездомник оброк.
20. Кажете на некого дека е убав.
21. Прегрнете некого.
22. Понудете го вашето рамо за плачење на некого.
23. Прашајте како можете да помогнете.
24. Бидете глас на оној кој нема зборови.
25. Дајте на некого комплимент.
26. Направете нешто убаво за некого, баш така, без причина.
27. Погледајте некого во очи и дајте му до знаење дека не е сам.
28. Бидете благодарни.
29. Кажете на некого дека е важен.
30. Бидете позитивни и ширете позитивност.
Н. Г. | Црнобело