Како првично биле замислени некои од најпознатите градби во светот?
Во животот често се случува дури и најграндиозните нешта да заостанат многу зад своите првобитни идеи.
Многу од најпознатите градби кои денес можеме да ги видиме низ светот, се нешто сосема поразлично од она кое нивните дизајнери го имале замислено на хартија.
Дел од нив упорно продолжуваат да му се спротивставуваат на времето, додека некои ја изгубиле битката и веќе не постојат.
Ова се само дел од тие градби, чија приказна на хартија и во реалноста била сосема поинаква:
1. Пирамидите во Гиза, Египет
Првично, големите пирамиди биле прекриени со слој од сјаен бел варовник, што ги правело вистински симбол на моќта на фараоните и споменик за кој се велело дека ќе се гледа дури и од вселената. Но, за жал овој слој бил уништен од силен земјотрес.
2. Саграда Фамилија, Шпанија
Изградбата на познатото дело на Антонио Гауди започнала во 1882-ра година. Според неговите пресметки, нејзината изградба требало да трае 3-4 векови, користејќи ја технологијата која била достапна во XIX век.
Благодарение на денешната технологија, изградбата може да биде завршена до 2026-та година.
3. Колосеум, Рим
Познатиот Колосеум бил изграден во I век и повеќе од илјада години го задржал првобитниот изглед, сè до XIV век, кога неговата јужна страна била урната од силен земјотрес.
4. Кулата „Индија“
„India Tower“ била замислена како еден од највисоките облакодери, кој требало да биде изграден во Мумбаи и да биде втора градба по висина во светот, но во 2011-та година неговата изградба била прекината.
5. Партенон, Грција
Посветен на божицата Атина, градот кој го носи нејзиното име, овој познат споменик претрпел многу уништувања, пожари, воени напади, па дури и бил претворен најнапред во црква, а потоа и во џамија.
6. Бурџ ел Алам, ОАЕ
Уште еден облакодер кој требало да биде дел од највисоките згради во светот, во форма на кристален цвет. Сепак, иако неговата изградба требало да биде завршена во 2009-та година, финансиската криза довела до прекин на неговата изградба.
7. Кулата на единството, Полска
„Unity Tower“ првично била замислена како регионална канцеларија на Полската архитектонска асоцијација, но повторно финансиската криза била причина за таа да не биде завршена до ден денес.
М. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





