Позитивни животни приказни кои со сигурност ќе ве расположат

Вестите што секојдневно ги гледаме се најчесто исполнети со ужасни работи за општеството и човештвото, што на сите ни предизвикуват немир и стрес.

4-neverojatni-zivotni-prikazni-koi-so-sigurnost-ke-ve-raspolozat-001.jpg

Затоа е добро, од време навреме, да се прочита приказна во која некој се издвојува по своето херојство или направено дело кое заслужува почит.

Погледнете ги овие приказни кои со сигурност позитивно ќе ви го променат расположението, ќе ве насмеат или ќе ви ја вратат вербата во човештвото и хуманоста:

Гимнастичарка цел живот црпела инспирација од олимписка медалистка, без да знае дека се сестри

Доминик Мочиану, која на 14 години била најмладиот член на гимнастичарскиот тим кој освоил златен медал на Олимписките игри во 1996-та, била инспирација за многу млади девојчиња во ‘90-ите.

Но, за разлика од сите останати нејзини фанови, Џенифер Брикер се издвоила од нив. Таа црпела инспирација од нејзиниот идол, па и покрај тоа што се родила без двете нозе, станала успешна акробатка и танчерка, која има настапувано дури и со Бритни Спирс.

4-neverojatni-zivotni-prikazni-koi-so-sigurnost-ke-ve-raspolozat-01.gif

Но, тоа не е сѐ што ги поврзува овие две гимнастичарки.

По раѓањето, родителите на Џенифер ја дале на посвојување, па кога таа пораснала и побарала повеќе информации, дознала дека нејзиното биолошко семејство е истото од кое потекнува нејзиниот идол Доминик Мочиану.

Тоа објаснува зошто Брикер целиот живот ја обожавала Мочиану и била толку голема инспирација за неа - таа била нејзина биолошка сестра. 

4-neverojatni-zivotni-prikazni-koi-so-sigurnost-ke-ve-raspolozat-03.jpg

Педијатар спасил живот на бебе, кое пораснало и по 30 години ја возвратило услугата

Крис Троки е бебе кое било родено предвреме и тежело само 1.5 килограми, а неговиот педијатар бил со него деноноќно, додека здравствената состојба на Крис не му станала стабилна.

По 30 години, истиот доктор доживеал тешка сообраќајна несреќа и автомобилот се запалил, но во последен момент еден полицаец успеал да го извлече докторот од остатоците на автомобилот.

4-neverojatni-zivotni-prikazni-koi-so-sigurnost-ke-ve-raspolozat-04_copy.jpg

Секако, полицаецот е истиот тој Крис, кој докторот го спасил пред 30 години. Доктор Шенон преживеал и сега тој се грижи за здравјето на синот на Крис.

4-neverojatni-zivotni-prikazni-koi-so-sigurnost-ke-ve-raspolozat-05.jpg

4-neverojatni-zivotni-prikazni-koi-so-sigurnost-ke-ve-raspolozat-06.jpg

Вдовец загубил спомен од неговата сопруга – 5 години подоцна, повторно се нашол во неговите раце

Во 2009-та година, 70-годишниот Петар и неговата сопруга Грејс, направиле еден романтичен гест - тие потпишале банкноти од 1 долар и ги чувале во новчаникот, во знак на сеќавање на нивната меѓусебна љубов.

По една година се случила трагедија. Грејс ја изгубила битката со ракот, а Петар случајно го изгубил доларот од Грејс, додека пазарел.

Во 2015, тој ја одвел ќерка му на ручек, ја пратил да купи сендвичи, а таа се вратила со кусур од 3 долари. 

Додека тој внимателно го пребројувал кусурот, останал во неверување кога во него го нашол симболот на вечната љубов со Грејс - доларот кој пред 5 години го потрошил. 

Во тој момент, неговите очи се наполниле со солзи и ветил дека никогаш повеќе нема да се раздели од него.

4-neverojatni-zivotni-prikazni-koi-so-sigurnost-ke-ve-raspolozat-07.jpg

4-neverojatni-zivotni-prikazni-koi-so-sigurnost-ke-ve-raspolozat-008.jpg

Брачна двојка која се запознала во тинејџерските денови, пронашла заедничка фотографија од детството

Во 1980-та година, за време на едно патување, Дона која имала 5 години се фотографирала со своите браќа во Walt Disney World.

4-neverojatni-zivotni-prikazni-koi-so-sigurnost-ke-ve-raspolozat-09_copy.jpg

Многу години подоцна, една недела пред свадбата на Дона, таа и нејзиниот вереник Алекс, разгледувале стари фотографии за да направат свадбено видео.

Кога нејзиниот вереник налетал на фотографијата на Дона од Disney World, се запрепастил.

Обратете внимание на човекот кој ја турка количката во позадина – тоа е неговиот татко. И не само тоа, детето во количката е всушност Алекс.

4-neverojatni-zivotni-prikazni-koi-so-sigurnost-ke-ve-raspolozat-10_2.jpg

Тој бил роден во Канада, Дона во Флорида и 14 години пред воопшто да се запознаат, тие сосема случајно се нашле на иста фотографија.

Сега, кога се веќе 10 години во брак, тие ја направиле истата фотографија со нивните 3 синови. 

4-neverojatni-zivotni-prikazni-koi-so-sigurnost-ke-ve-raspolozat-12.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Убиства, кражби, киднапирања – Злодела кои се случиле пред бројни сведоци, но се нерешени до денес Тим Ватхол од САД беспомошно го гледал киднапирањето на Хедер Тиг преку својот т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg