Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


15 работи кои беа прифатливи во ’90-тите, но не и денес

Носталгијата е спој на измешани чувства за убавите спомени од минатото кои останале зад нас и можеме само на ваков начин да им се навратиме.

15-raboti-koi-bea-prifatlivi-vo-90-tite-no-ne-i-denes-01

Деведесеттите беа декада на едноставни нешта, светот не се вртеше околу нашите паметни телефони, носевме чудна облека а социјалните мрежи беа нешто кое само што се појави.

Следните 17 работи кои беа сосема нормални во ’90-тите ќе нè потсетат колку нештата се смениле и колку тие се нешто необично денес.

1. Немаше потврдување на плановите

Сосема беше нормално некој во последен миг да ви се јави и да ви каже „Извини нема да можам да дојдам на забавата вечер.“

2. Ниту најава дека ќе доцниме

Бидејќи голем број од нас немаа мобилни телефони, беше навистина невозможно да известите некого дека ќе доцните десетина минути.

3. Памтење или запишување на телефонски броеви

Во ’90-тите единствениот начин да останете во контакт со некого беше или да го запишете или да го запаметите неговиот број. Денес со целата технологија со која располагаме паметењето телефонски броеви на памет изгледа малку налудничаво...

4. Одбивањето да држите чекор со технологијата

Порано можеше да се чуе фразата „Не знам да работам на компјутер“. Денес тоа е невозможно.

5. Одење на гости без најава

Во ’90-тите беше сосема нормално да се појавите во куќата на вашиот пријател без претходно да се најавите. Денес повеќето од нас се јавуваат и ја планираат секоја средба.

6. Користење цедеа

Во отсуство на пристап до интернет цедеата беа нешто кое во тој момент ни изгледаше како најголемо достигнување.

7. Бланширана коса и чудни парчиња облека

Веднаш штом NSYNC станаа популарни, подеднакво популарна стана и бланшираната коса на Џастин Тимберлејк. Исто така тука беа и пантолоните со патентите кои можеа само со едно откочување на патентот од долги да станат кратки. 

8. Слушање на звукот при поврзување на интернет

Се сеќавате на звукот кој можевме да го чуеме при поврзувањето на интернет. Денешните рутери се сосема тивки и не испуштаат никакви звуци.

9. Туркање некого во базен

Со оглед на тоа што немавме мобилни телефони главен трик на базен беше да турнете некого во вода кога најмалку очекува. Денес ретко кој би се осмелил да го нарави тоа, имајќи предвид колку чинат телефоните на нашите пријатели...

10. Премотување наназад

Ако сакате одново да ја слушнете омилената песна морате да ја вратите назад. Среќа што денес не го правиме ова бидејќи ако требаше да ја враќаме секоја епизода од сериите, навистина ќе ни требаше доста време...

11. Пушење во ресторани

Забраната за пушење во ресторани и кафулиња можеби е и едно од најдобрите нешта по кои ќе ги паметиме ’90-тите.

12. Снимање песни на аудио касети

Со часови чекавме да ни ја пуштат омилената песна на радио за да можеме да ја снимиме и да ја слушаме секогаш кога ќе посакаме.

13. Плаќање со чекови

Се сеќавате на тие мали парчиња хартија со кои можевте да платите во супермаркетот? Денес картичките целосно ги заменија чековите и начинот на кој функционира плаќањето.

14. Јавување наместо пишување

Деведесеттите беа време кога пораките а и не беа баш во мода, туку луѓето контактираа разговарајќи на фиксен телефон.

15. Користење на физички карти 

Пред да се појават паметните телефони и апликациите за навигација, патувањата беа многу поинакви. Пред тргнување се купуваше хартиена карта и таа беше главниот водич кон саканата дестинација.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg