Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Запознајте ги корејските бабички - „сирени“

Островот Јеџу во Јужна Кореја е познат по тоа што авионската рута Јеџу - Сеул е една од најпрометните рути во светот. Но, овој остров е познат и по нешто друго, неговите „морски дами“.

babicki-sireni-imaat-nad-70-godini-i-nurkaat-vo-studeni-vodi-bez-boci-so-vozduh-01.jpg

Миџо Ким, фотограф од Њујорк решил да го прикаже животот на овие храбри дами во интимна серија фотографии именувани како „Мајка на морето“.

Овие постари дами локално се познати како „Haenyeo“ и пливаат на длабочини од 20 метри до океанското дно за да собираат морски полжави, ежови, морски краставици и лигњи.

Тоа го прават без да употребуваат кислородни боци и понекогаш можат да издржат и до 2 минути без воздух во екстремно студените води.

babicki-sireni-imaat-nad-70-godini-i-nurkaat-vo-studeni-vodi-bez-boci-so-vozduh-1.jpeg

Повеќето од нив имаат над 70 години, а нивниот број од година во година се намалува, бидејќи многу млади девојки кои треба да ја продолжат традицијата заминуваат во поголемите градови да живеат.

„Овие жени нуркачи го продолжуваат корејското наследство и ќе бидат последни од својот вид. Тие се последните Haenyeo“ - вели фотографот.

babicki-sireni-imaat-nad-70-godini-i-nurkaat-vo-studeni-vodi-bez-boci-so-vozduh-2.jpeg

„Да се биде Haenyeo не е за слабите. Старите Корејци велат дека овие жени ја завршуваат работата на мртвите во светот на живите“ - вели една од локалните храбри жени кои се држат до оваа традиција.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg