Фотографија за која дефинитивно вреди да се жртвуваш
Американскиот авантурист и фотограф, Мајк Мезеул Втори, направил неверојатна фотографија која ја доловува разновидната убавина на мајка природа.
На фотографијата, која е направена на големиот хавајски остров во Националниот парк на Хавајски вулкани, истовремено се прикажани неколку работи: Месечината, Млечниот пат, метеор и поток од лава.
„Буквално бев во шок“ - вели фотографот.
„Тоа беше трета фотографија по ред која ја направив откако зајде сонцето и кога го видов метеорот, знаев дека нема да можам да направам подобра фотографија, па се спакував и си заминав дома“ - додава.
Мајк пешачел 20 километри и имал само неколку секунди да направи добра фотографија, бидејќи постои голема опасност да се изгори.
„Тоа беше една од најопасните површини на која некогаш сум направил фотографија“ - заклучува.
Н. Г. | Црнобело