Еден збор го одредува изворот на вашите проблеми...
Психологијата нуди еден интересен тест кој може да ви помогне да го откриете изворот на сите ваши проблеми, само ако се препуштите и почнете да му верувате на вашето несвесно.
За да бидете сигурни дека тестот успешно сте го решиле најдете тивко место каде никој нема да ви пречи и концентрирајте се.
Земете лист хартија и на него нацртајте 16 точки во линија како на сликата.
Препуштете се на мислите и започнете да мислите на зборови кои први ви доаѓаат во мисла.
Запишувајте ги само именките кои почесто се појавуваат.
Спојте ги зборовите во пар како на сликата и најдете соодветна асоцијација која ги поврзува истите. Најважно е зборот интуитивно да го откриете.
Продолжете и понатаму да ги групирате зборовите додека не дојдете само до еден збор во синџирот.
Што добивате?
Последниот збор е оној кој може да ви помогне да ги „одврзете јазлите“ на прашања и проблеми кои се собирале во одредено поле од вашиот живот.
Запомнете: Тестот не треба да го правите повеќе од еднаш месечно за да не се изгубите во различни асоцијации и мисли.
Н. Г. | Црнобело