Зошто не треба да се расправате кога сте лути?

Звучи контрадикторно и невозможно за изведување, знаеме, но најдобриот совет кој ќе го примените во животот дефинитивно е - не се карајте кога сте лути.

3-pricini-zosto-ne-treba-da-se-raspravate-koga-ste-luti-1.jpg

Тогаш губите контрола врз емоциите и зборовите, па подоцна големи се шансите да се покаете.

3 причини кои ќе ве убедат зошто не треба да почнувате кавга кога сте лути:

1. Тогаш мислите дека сите се против вас

Кога сте лути, буквално не знаете што друго чувствувате освен лутина, а тоа се одразува и на работата на мозокот. Психолозите велат дека кога сме лошо расположени, било кои зборови од другата страна може да ги сфатиме како навреда. Тогаш ќе завршиме бранејќи се со напад на другата страна.

2. Без сомневање ќе ја разлутите другата страна

Според многубројни истражувања, кога еден од двајцата соговорници е лут, по неколку минути и вториот ќе се разлути. Затоа, не го почнувајте овој круг на лутина без крај.

3-pricini-zosto-ne-treba-da-se-raspravate-koga-ste-luti-02.jpg

3. Не сте способни да ја сослушате другата страна

Лутината ви ја поматува способноста за рационално мислење. Токму затоа во текот на расправијата мислите само најлошо за другата страна. Но, ако во текот на објаснувањето ја гледате другата личност како паметна и харизматична, нема да го гледате проблемот како толку сериозен, што понатаму води до негово лесно и ефективно решавање.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 причини зошто не сте им допадлива личност на луѓето (и малку ги нервирате) Не давате толку колку што добивате и заборавате дека реципроцитетот е важен, па ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
10 работи кои ако сте ги постигнале во животот - значи дека сте успеале Ако можете самоуверено да кажете „не“ во ситуации кога тоа е потребно, сте совла...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg