Испечете колач, исчистете, јавете се на пријателот и излечете ја есенската меланхолија

Променливото време по правило не би требало да носи и променливо расположение, а сепак одреден дел од популацијата подлегнува на извештаите од временската прогноза.

27-ednostavni-nacini-kako-da-ja-pobedite-esenskata-melanholija-01.jpg

Дождливото време, маглата или ветерот можеби ве онерасположуваат и ви ја крадат енергијата.

Мрзоволни сте, тмурни, па дури манифестирате и физички симптоми, како главоболка, покачен притисок или раздразнетост...

Со сигурност може да се каже дека есенската меланхолија полека ве голта и се заканува да ве обвие во блага депресија.

Пред целосно да ве проголта, одберете некој од 27-те едноставни, но ефектни начини како да ја победите сезонската меланхолија:

1. Запишете ги мислите. Така подобро ќе дојдете до изворот на својата меланхолија или депресија, а кога веќе го знаете причинителот, полесно ќе го пронајдете решението.

2. Слушнете се со најдобриот пријател и едноставно вентилирајте го стресот.

3. Гледајте смешни видеа со слатки животни. Тоа дефинитивно ќе ве расположи.

4. Згответе си вкусен оброк кој ќе ви го стопли срцето, без да внимавате на калориите.

5. Купете си есенси цвеќиња за дома или за на бирото на работа.

6. Одете на утринска или вечера прошетка, комплетно опремени со шапка и дебела марама.

7. Слушајте музика. И кога ќе помислите дека сте се отруле од музика, пуштете си повторно.

8. Препрочитајте ја книгата која претходно успеала да ви влее добро расположение, мир и самодоверба.

9. Одвојте време за дремка, без да чувствувате грижа на совест. Есента е создадена за дремење под топло ќебенце.

10. Исчитете го домот. Ќе избркате дел од негативните мисли и ќе се чувствувате подобро во перфектно среден стан или куќа.

11. Разгалете се со топла купка и опуштете се за целосно уживање.

12. Испечете колач заедно со некого кој ви е драг во животот.

13. Разгледајте ги понудите и почнете да го планирате вашиот следен одмор.

14. Потрошете малку пари на нешто коешто одамна го посакувате.

15. Организирајте си караоке забава. И пејте, бидејќи кој пее – зло не мисли.

16. Натерајте се да излезете од дома, макар и до продавница.

17. Направете мала реорганизација во домот и разместете го мебелот. Промената на глетката секогаш носи нешто ново и убаво.

18. Отидете на кафе со некого кого не сте го виделе можеби 10 години.

19. Посетете место кое ви буди пријатни спомени.

20. Обидете се да поминете цел еден ден во кој ќе бидете фини апсолутно со сите околу вас, без исклучок.

21. Сега е време да ги истакнете своите вештини и фантазија во проект „Направи сам“ по ваш избор.

22. Кажете„ДА“ на сите покани, иако не ви се оди никаде. Свадби, родендени, забави, и имајте предвид дека доколку е досадно, секогаш може да си заминете.

23. Напишете писмо до вашето идно ЈАС. И зачувајте го, еден ден добро ќе се насмеете.

24. Измерете колку долго може да поминете, без да се пожалите за што било.

25. Ставете ги социјалните мрежи на мала пауза и видете какво влијание ќе има тоа врз вашиот живот.

26. Започнете да си ги планирате деновите, организацијата дава чувство на достигнување одредена цел.

27. Дадете си малку оддишка на себеси, не се обвинувајте за меланхолијата и тагата во која пропаднавте. Секому може да му се случи, прегрнете ја тагата, но само на одреден период, пред да се кренете од негативноста.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Ситници во домот за кои гостите нема да ви преречат, но сигурно ги забележуваат Валкан под во кујната и мали дефекти низ домот – за кои ситници гостите можеби н...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg