Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


69-годишен дедо секој ден патува час и половина само за да заврши средно училиште

Дурга Ками од Непал има 69 години и секој ден оди по час и половина за да дојде на училиште. Со оглед на годините, многумина би претпоставиле дека е учител.

69-godishen-dedeno-sekoj-den-patuva-cas-i-polovina-za-da-odi-na-ucilishte-i-da-zavrshi-sredno-01.png

Но, Ками секој ден седи на школските клупи заедно со останатите помлади ученици за да ја заврши последната година средно училиште во Непал.

Секое утро, после појадокот ја облекува училишната униформа, ги подготвува книгите и тргнува на пат кој трае час и половина за да стигне на првиот час кој почнува во 10 часот наутро.

Останатите ученици можат слободно да му бидат внуци.

69-godishen-dedeno-sekoj-den-patuva-cas-i-polovina-za-da-odi-na-ucilishte-i-da-zavrshi-sredno-1.png

„На почетокот се чудев зошто стар човек би доаѓал да учи со нас. Но, како поминуваше времето, така почнавме да уживаме во неговото друштво. Некои предмети му одат послабо отколку на другите ученици, но му помагаме“ - вели еден 14-годишен соученик на Ками.

Ками е најстариот ученик во училиштето, а можеби и во светот. Неговите соученици го нарекуваат „Bajee“ - што значи дедо.

Вели дека неговата идеја е да ги поттикне и останатите постари личности кои никогаш немале можност да завршат средно училиште, да се запишат и да завршат.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg