Момче успешно се трансформира во Дизни принцези со помош на шминка
Во оние денови кога Ричард Шејфер не е Пепелашка, Аурора, Покахонтас или Ариел, тој е само обично 22-годишно момче со огромна пасија кон шминката и трансформациите во други ликови.
Тој поседува импресивна колекција од 40 костими и 30 перики, но неговиот талент е неоспорен.
Му биле потребни околу 2 години да ја доразвие техниката на успешна трансформација, но трудот се исплател, бидејќи каде и да помине, сите погледи се свртени кон него.
„Сметам дека е вистински комплимент што луѓето мислат дека сум преправена жена, што значи дека моите трансформации се прилично убедливи“, вели Ричард.
Неговиот интерес кон ова хоби започнал уште во средно, кога бил малтретиран од страна на соучениците и пронашол свој мал свет на задоволство, за да ја победи осаменоста.
По губењето на вишокот килограми, Ричард започнал да се маскира во омилените Дизни принцези и се здобил со прилично многу обожаватели.
Погледнете како изгледаат неговите трансформации:
(О)Милена | Црнобело