Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто бројот 7 се појавува на секое шише Jack Daniel’s?

Jack Daniel’s е еден од најпознатите и најпродаваните брендови на виски во светот и тоа никој не може да го порекне. Оваа година брендот слави 150 години од своето постоење.

zoshto-se-pojavuva-brojot-7-na-sekoe-shishe-jack-daniels-01.jpg

Многу работи се промениле за тие 150 години, од аромата до амбалажата, сопственикот... но, една работа никогаш не се менува, а тоа е ознаката „Old No. 7“.

За повеќе од еден век постоење на овој бренд постојат многу митови кои можат да се поврзат со истиот.

Некои велат дека овој број претставува бројот на рецепти за виски, некои пак дека тоа бил среќниот број на компанијата, а некои пак, велат дека тоа е бројот на девојки кои ги имал Џек.

Лин Толи еден од пра-пра внуците на Џек изјавил дека во 1904-та година на светскиот саем, Џек дегустирал 7 барели виски пред да се одлучи за тој кој ќе заврши на прво место.

Биографот на Џек Даниелс, Питер Крас има уште една приказна. Верува дека ова е најпопуларната приказна од сите други.

На Џек му бил назначен бројот 7 од даночната администрација на земјата. Меѓутоа, кога областите започнале да се соединуваат во Тенеси, му бил доделен бројот 16. За да не ги изгуби потрошувачите, почнал своите барели и шишиња да ги одбележува со „Old No. 7“.

Самата компанија смета дека ова е нејзиниот среќен број.

Овој пијалак 7 пати ја освоил престижната награда „Monde Selection“ и оттогаш престанале да учествуваат на натпреварот.

Џек оваа добро сокриена тајна ја однел во својот гроб, а на нас ни останува само да погодуваме зошто точно баш бројот 7...

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg