Зошто буквите на тастатурите не се по азбучен редослед? (видео)
Многу од нас постојано користат тастатура – на компјутерот додека работиме, пишувајќи мејл или порака на телефон или на лаптоп, но зошто qwerty тастатурата воопшто постои?
Оваа тастатура, која името го добила по првите 5 букви на неа е измислена во 1870-тите од еден од пронаоѓачот на оригиналниот дактилограф - Кристофер Латам Шолс.
Уште еден интересен факт е дека првиот ред од тастатурата ги содржи сите букви кои се потребни за пишување на зборот дактилограф (typewriter).
Ако се прашувате зошто буквите во тастатурата се наредени по овој навидум случаен редослед, тогаш одговорот се крие во првиот дактилограф кој бил патентиран во 1868-та година и бил дизајниран со азбучен аранжман со копчиња кои наликувале на типки од клавир.
Но, копчињата се мешале бидејќи голем дел од буквите кои најчесто биле употребувани биле една до друга.
Една популарна теорија тврди дека Шолс ја создал qwerty тастатурата за да ги размести популарните копчиња и за да избегне механички проблеми.
А, веднаш потоа Шолс направил договор со Ремингтон кои ја вклучиле тастатурата во популарната Remington No.2 машина.
Но, двајца истражувачи имаат поинаква теорија. Во 2011-та година, Коичи Јасуока и Мотоко Јасуока ја прателе еволуцијата на тастатурата сѐ до Морзеовата азбука.
Тие тврделе дека првите дактилографи биле користени од страна на оператори за телеграф на кои азбучниот аранжман им бил збунувачки при транскрипција на пораки.
Во секој случај, масовната познатост со qwerty тастатурата довела до денешната електронска тастатура за компјутери.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





