Кое кафе ви е омилено?
Кафето за некого претставува вистински ритуал. Станувате наутро и првата помисла ви е кафе? Кои се “виновниците“ кои го создале овој напиток?
Англичанецот, George Constant Washington, кој живеел во Гватемала, е заслужен за постоењето на инстант кафето, а швајцарската компанија Nestle за неговото производство денес.
Уредот за правење еспресо е патентиран во 1901 година од Luigi Bezzera.
Еспресото е поконцентрирано од стандардното филтер кафе и се користи како основа за правење капучино или лате.
Љубителите на капучиното треба да го запомнат името Talijana Achillesa која го усовршила еспресо уредот и овозможила производство на капучино.
Ова кафе се состои од еспресо и загреано млеко. (1/3 еспресо кафе, 1/3 загреано млеко, 1/3 пена од млеко).
Latte е напиток направен од еспресо и шолја загреано млеко. Макијатото е направено од еспресо кафе со многу малку пена од млеко.
Вака-така за сите кафиња основа е еспресото. Кое е ваш фаворит?