Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


30 работи заради кои ќе се чувствувате подобро без оглед на сè

Како што вели старата изрека – „ако не се сакате сами себе, кој друг ќе ве сака“ и навистина е така, ние сме должни секојдневно да си правиме мали среќни моменти кои ни го прават животот поубав.

30-raboti-zaradi-koi-kje-se-cuvstvuvate-podobro-bez-ogled-na-se-01.jpg

Па, од време на време, заслужувате да се „почестите“ со мали моменти на спокој заради кои ќе се чувствувате подобро без разлика на сè...

1. Седнете барем за 5 минути и ништо не правете, само дишете. Токму тогаш ќе најдете идеи кои ќе ви помогнат да си ги решите проблемите.

2. Јавете се на некого или пратете порака на некој кој знаете дека ќе ве поддржи.

3. Подгответе си здрав оброк и пијалак и уживајте во него. Почувствувајте го задоволството од грижата за себе однатре.

4. Почестете се со маникир или педикир.

5. Испланирајте си добар викенд и со нетрпение очекувајте го одморот.

6. Поставете си тајмер и средете си го работниот простор. Не е баш некоја забава, но уредното работно опкружување не смее да се потценува.

7. Кратко прошетајте се, природата и зеленилото смируваат, а и сонцето ќе ви го поттикне позитивното расположение.

8. Прошетајте покрај место каде има многу домашни миленици, има нешто смирувачко во набљудувањето на животни кои си играат или спијат едно до друго.

9. Земете пенкало и хартија и запишувајте. Пишувајте за вашиот живот, запишете ги вашите цели, желби, стравови... Ова може да ви помогне да дојдете до личен развој.

10. Читајте интересни статии за инспирација во краток период од 3 до 4 минути.

11. Прошетајте се до книжара по книга која ќе ве забавува, смее и инспирира.

12. Замолете пријател да ви препорача филм или серија, уживајте во мала релаксација.

13. Купете си го омиленото чоколадо и уживајте во него, бес осудување.

14. Замислете дека сте турист во својот сопствен град. Прошетајте и уживајте во околината.

15. Почестете се со нов фустан или моден додаток.

16. Направете нешто добро за некој. Таа личност ќе ви биде благодарна, а вие среќни и исполнети.

17. Научете нешто ново, слушајте нешто ново или прочитајте нешто ново за да го стимулирате вашиот мозок.

18. Отидете сами во кино. Постои нешто релаксирачко во тоа.

19. Научете да готвите нешто ново.

20. Легнете си порано во кревет, пуштете си добар филм или земете си книга. Сите ние го заслужуваме тоа од време навреме.

21. Сфатете ги своите соништа сериозно. Запишете си 5 цели кои сакате да ги постигнете за една година и напишете на кон начин планирате да ги постигнете.

22. Легнете си после пладне на 20 минути. Сигурно ви треба тоа.

23. Направете си попис на омилените песни и послушајте ги кога се чувствувате добро, а уште повеќе кога се чувствувате лошо.

24. Купете си нова постелнина и чувствувајте се одлично кога ќе си легнете навечер во кревет.

25. Избегнувајте токсични влијанија. Имате чувство понекогаш дека некој колега, роднина или пријател ве депримира, обидете се да поминувате помалку време со него.

26. Ако времето е убаво, земете си ќебе и легнете во паркот. Само дишете и слушајте ги птиците.

27. Следен пат кога некој од вас ќе побара да направите нешто што не сакате, кажете „Не“.

28. На пат кон дома, купете си го омилениот сладолед и уживајте во некоја сосема глупава ТВ програма.

29. Почестете се со бесплатен комплимент.

30. Ослободете се од облеката која не ви ласка на фигурата, повикајте ја пријателката и отидете на шопинг.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg