Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Селото каде сите жители имаат деменција, а слободно се движат

Во општината Весп, во близина на Амстердам, постои мало село именувано како Хохвег . На прв поглед изгледа како и секое друго село со продавници, ресторани, па дури и кино сала. Прекрасни кучи, фонтани, цвеќиња...

seloto-kade-site-ziteli-imaat-demencija-a-slobodno-se-dvizat-01.jpg

Но, ова село е уникатно.

Хохвег претставува дом за 152 мажи и жени кои имаат деменција.

Заедницата има 23 станбени единици и секоја е место каде живеат 6 до 8 жители. За нив се грижат 240 медицински сестри и доктори маскирани како обични селани.

Вработените се грижат за готвењето на оброци и планирањето на активности. Им помагаат при личната хигиена и нега, како и при администрирањето на лекови.

Во ова село на секого му е дозволено да се движи наоколу, слободно, без да биде под надзор на некое медицинско лице. Дури и се охрабруваат лицата сами да готват, да пешачат, да пазаруваат...

Слободата, која вообичаено ја немаат лицата кои имаат деменција е таа која им помага да не бидат агресивни и да живеат понормален живот, а благодарение на тоа и немаат голема потреба од лекарства.

Цената која се плаќа тука е 5.000 евра, што е вообичаена цена и за останатите домови во Холандија:

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg